ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Tрет мобилен оператор и ставањето во функција на телекомуникациската кула на Водно на почетокот од 2026 година

December 27, 2025 11:39
in TECH FRONT, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неквалитетна услуга, измени на условите од претплатнички договор, високи сметки и раскинување договори со наплата на казнени пенали се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за решавање спорови. Годинава до АЕК се поднесени 346 барања, наспроти 363 во 2024 година, информираат од регулаторното тело.

Од вкупниот број решенија, 45 се усвоени, 14 делумно усвоени, 40 предмети се затворени по интервенција на операторите, а 109 се одбиени. Дел од барањата биле непотполни, повторно поднесени или АЕК не била надлежна за нив.

Од АЕК оценуваат дека граѓаните сè почесто ги користат механизмите за заштита што ги обезбедува регулаторот. Македонија, според рангирањето на порталот connect.de, е позиционирана на второ место во Европа по квалитет на мобилните мрежи.

Како клучни новини за пазарот се најавуваат влезот на трет мрежен оператор на почетокот на 2026 година и ставањето во функција на телекомуникациската кула на Водно, која треба да биде пуштена најдоцна до 31 јануари. Според АЕК, кулата ќе придонесе за подобра електромагнетна компатибилност и зголемена безбедност во радиокомуникациските служби.

Регулаторот оценува дека 2025 година е позитивна за развојот на пазарот на електронски комуникации. Операторите веќе обезбедуваат просечна 5G-брзина од околу 340 Mbps во градовите и околу 120 Mbps на патиштата, со што таргетите од Националниот оперативен бродбенд план за 2029 година се веќе постигнати.

Во државата моментално работат два мрежни оператори – Македонски Телеком и А1 Македонија, како и неколку виртуелни оператори. Во 2026 година приходите на АЕК се планирани на 636,7 милиони денари, најмногу од надоместоци за користење радиофреквенции.

Заклучно со вториот квартал, во Македонија се регистрирани околу 1,95 милиони мобилни претплатници, 457 илјади фиксни линии, 549 илјади корисници на широкопојасен интернет и 441 илјада претплатници на ТВ-услуги.

Tags: АЕКВодномобилен оператортелекомуникациска кула
Next Post

Зеленски: Путин не сака мир - најмалку едно лице убиено и 10 повредени во руски напад на Кијив

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk