Ова што сега се тргнува од Турска чаршија, нејзината пешачка подлога, воопшто не е „автентична калдрма“, туку е травертин поставен пред 10-15 години. Кога првпат го видов, бев шокиран колку е грд и колку евтино изгледа (а не верувам дека е евтино наплатен, ама да не грешам душа, не го знам тоа). Затоа, не што не ми пречи дека ќе се замени, туку мислам дека ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ. Од тој аспект, немам забелешки.
Проблемот е во начинот и во изведбата. Дали е избран најповолниот момент? Можеби и е, со оглед на тоа што поради полицискиве часови, дуќаните и онака не работат со вообичаениот ритам.
Дали знаеме како ќе изгледа чаршијата потоа? Не би рекол.
За таква капитална реконструкција, на една од најзначајните културно-историски знаменитости на Скопје, мора(ше) да има многу поширока, потемелна и појавна јавна расправа. Одлуката за реконструкција не е нова, туку била донесена во октомври? Океј, но не се сеќавам дека и пред октомври јавноста широко дебатираше за предложениот нов изглед на чаршијата. Можеби стручната – да (?), но за ова прашање мора да се информира и обичната јавност, и тоа детално. Ни сега не видов проекции или нацрти од проекти, за тоа што ќе добиеме по реконструкцијата.
За мене тоа е главната дилема, а не дали треба да се тргне грдиот травертин, кој никогаш не требаше да биде ни поставуван.
Фејсбук пост на Миодраг Мишолиќ