ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси

January 3, 2026 18:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ реагираше на новогодишното интервју на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека продолжува со реторика на поделба, навреди кон граѓаните и копирање на политички модели од Србија, кои, како што велат, водат кон изолација, конфликти и авторитарно владеење.

„Откако граѓаните на Македонија ги квалификуваше како ‘талог на општеството’, Мицкоски во интервјуто ги нарекува сите неистомисленици ‘медиокритети’, продолжувајќи ја кампањата на омраза и поделба“, се наведува во реакцијата.

Според СДСМ, ваквиот начин на комуникација е преземен од моделот на српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС, кој, како што оценуваат, довел до длабока поларизација и конфликт во српското општество, со единствена цел – зачувување на власта преку стратегијата „подели па владеј“.

Во реакцијата се посочува и на тврдењата на Мицкоски за наводна „кампања за мигранти“, зад која, според него, стоеле странски сили. СДСМ критикува што премиерот не понудил никакви докази, туку, како што велат, информациите наводно ги споделил само со својот „загрижен пријател“ Виктор Орбан.

Од СДСМ наведуваат дека ваквите блиски односи со контроверзни политички лидери се дополнителна причина за загриженост, особено по усвојувањето на Законот за Западен Балкан во САД, потпишан од претседателот Доналд Трамп, кој има посебен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот.

Партијата ја споредува ситуацијата и со односите меѓу Вучиќ и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, посочувајќи дека против вакви десничарски лидери се отвораат сериозни случаи за криминал и корупција. Во тој контекст, се споменува и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого, како што наведуваат, Европската унија го обвинува за корупција, а за кого анкетите во Унгарија покажуваат можен изборен пораз.

„Изјавите на Мицкоски за мигрантите и странските влијанија се уште еден доказ за copy-paste кампањата на Вучиќ и СНС. Следно, очекуваме да почне да обвинува земји од ЕУ, па можеби и Русија, по примерот на наративот за ‘обоена револуција’“, стои во реакцијата.

СДСМ предупредува дека обвинувањата за вмешаност на странски држави, заедно со усвојувањето закони за обвинителството и судството кои, според нив, водат кон целосна контрола врз институциите, ја оддалечуваат Македонија од европскиот пат. Дополнително, се критикува заострувањето на односите со Бугарија и, како што велат, заробувањето на правната држава.

Партијата остро реагира и на најавите за купување нов владин авион, додека премиерот истовремено тврди дека Македонија е меѓу најсиромашните земји во Европа, како и на, како што наведуваат, луксузниот животен стил на Мицкоски.

Во завршницата, СДСМ порачува дека доколку Мицкоски навистина сака борба против криминалот и корупцијата, „прво треба да се уапси себеси“, наведувајќи дека докази, според нив, има доволно.

„Нека почне од скандалите со 161 тендер за свој близок соработник, па да продолжи по листата на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Само така ќе покаже дека верува во правосудството и во реформите“, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, најавите за предвремени избори нема да бидат избори за нов мандат, туку „референдум меѓу европска иднина и криминал и корупција“.

Мицкоски: Ги реализиравме сите цели – платите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.

 

Tags: МицкоскиСДСМ
Next Post

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран-Монтана

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk