Извинување до читателите
„Порталот N1 им се извини на своите читатели откако пренесе неточна информација дека Шведска во 2015 година вовела нова, еколошки прифатлива метода за чистење на снегот, односно дека патиштата ги посипува со мешавина од песок и меласа од шеќерна репка.
Текстот, кој првично беше објавен на N1 Sarajevo, се повикуваше на напис од порталот Ifeg.info, во кој се тврдело дека шведските патари пронашле алтернатива за солта која ја загадува животната средина и ги загрозува животните, особено птиците.
Според таа информација, „природната мешавина“ од песок и меласа од шеќерна репка наводно се покажала како ефикасна замена за солта, па дури и како храна за диви животни. Сепак, по укажувања од јавноста и дополнителни проверки, N1 утврдил дека овие тврдења не одговараат на фактите.“
Воедно и Фронтлајн им се извинува на читателите што го пренесе текстот од N1, без да провери.









































































































