ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

January 14, 2026 17:37
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Лидерските средби, средби на претседатели на политички партии, за кревката македонска парламентарна демократија, освен на слави и прослави, би било добро да ги нема.

Лидерските средби зачестени во македонската политичка пракса се вонинституционална појава.
Грѓаните излегуваме на избори.

На тие чинови избираме преставници во собранието, во парламентот и таму врз основа на нашите убедување, понекогаш или почесто и врз основа на наши верувања во нивните предизборни програмски вистини или во нивните предизборни кампањски лаги, сеедно, таму кај нив го делегираме нашиот глас и со тоа, на некој начин, сме им ги довериле и нашите граѓански интереси.

Преку нив, преку пратениците, на изборите сме го институционализирале нашите избор и тука почнуваат и тука, на денот на изборите, би требало да завршуваат ингеренциите на лидерите, на претседаелите на македонските политички партии.

Така е и уставно и воопшто таков е системот, такви се фундаментите на политичкиот поредок.

Кога изборите ќе завршат, завршува меѓупартискиот натпревар, се конституира парламентот и врз основа на мнозинските изборни гласови, тој ја одредува, ја избира извршна власт, владата и тука запира било каква институционална обврска на штабовите на партиите сосе амбициите на партиските лидери тие да се доминантните политички субјекти во државата.

Изборните победници се инсталираат во извршните институции и ги превземаат одговорностите за државните и за општествените процеси, а партиите изборни губитници, во опозициска улога си се соочуваат со потреби за свои консолидации за наредниот изборен циклус и, во меѓувреме, ја демнат власта, ја фаќаат на лоши потези, ја критикуваат и промовираат поадекватни решенија и низ еден, во парламентарната демократија одамна вече устоличен процес, ја анимираат, ја предупредуваат јавноста и на тој начин си трасираат пат, си градат рејтинг за наредните изборни битки.
Тоа е кругот на парламентарната, нели, демократија.

Ова со лидерски средби, таа вон институционална форма која парламентот го дерогира, која практично го зомбира, би требало да е веќе завршена анти системска и анти демократска појава и парламентарците кои моќта и обврските ги црпат од непосредните избори, а не од политичките партии и од нивните лидери, би боло добро конечно да си ги земат дизгините во раце и врз основа и на своите изборни партиски определби и програмски обврски, да почанат да расудуваат со сопствениот ум и да си ја практицираат својата пратеничка задача која, изборно, им е доверена од гласачите.

А тоа што власта или опозицијата, сеедно, имаат потреба од договор за општо добро на државата и општеството, тие и таквите теми и прашања, од партиските штабови, нека повелат да си ги достават кај своите претставници во собранието.

Тие, таму, во парламенот, во тој демократски граѓански простор, нека си се спорат и нека си се оспоруваат.
Таму, во тој нивен автономен институционален простор, нека си носат и нека си игнорираат решенија, нека си гласаат и нека си се надгласуваат макар го правеле тоа и под задскриен диктат на своите партиски штабови, сеедно.

Барем системот ќе функционира во рамките на востановениот политички поредок.

Вака, со ваква форма на неинститиционални лидерски партиски седенки, ај што пратениците, по сопствен избор, секако, и функционално и морално се деградирани и што и самите си се подвргнуваат на своевидна авто деградација.

Згора на тоа, се изместува и самиот политички систем и, без нивна гласачка согласност, се дерогира и се партизира и изборната волја на граѓаните.

Извор: Нова ТВ

Next Post
Фото: ДСНС Кијив/ДСНС Харкив

Руските напади врз енергетиката продолжуваат: Експлозии во Кијив; енергетските работници го направија речиси невозможното – вратена струјата за 45.000 жители на Криви Рог

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk