ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

January 15, 2026 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлуката на Соединетите Американски Држави за суспендирање на обработката на визи, Македонија се најде во иста група со земји како Сомалија, Сирија, Иран и Русија, што е директна последица на погрешните и штетни политики на актуелната власт, соопштија денеска од СДСМ.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека периметарот околу премиерот Христијан Мицкоски ја довел државата во состојба на меѓународна изолација и сериозно го нарушил стратешкото партнерство со САД.

„Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена со суспендирање на обработката на визи, заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран и Русија. Ова е алармантен сигнал за тоа каде не однесе периметарот на Мицкоски“, изјави Фрчкоски.

Тој потсети дека ова не е прв негативен чекор од страна на САД во однос на Македонија во последниот период.

„Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија, а сега, од 21 јануари, се суспендира и обработката на визи. Тоа е директна последица на погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, која го загрозува стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ“, рече Фрчкоски.

Според него, особено загрижувачки е влијанието на проруски ориентирани функционери во Владата.

„Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва. Пред само неколку дена го видовме како слави заедно со таканаречените ‘Ноќни волци’, група блиска до Путин“, изјави Фрчкоски.

Тој додаде дека паралелно со, како што рече, антиамериканските активности, Владата води и систематска анти-ЕУ кампања.

„Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат веќе затворени прашања, се измислуваат изговори за да се оправда изолацијата и блокирањето на преговорите со ЕУ. Не се спроведуваат никакви реформи и Македонија се турка кон целосна изолација“, нагласи тој.

Фрчкоски оцени дека во владејачките структури владее паника поради најавените чекори од страна на САД.

„САД носат специјален закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата. Ова се само првите чекори што ги гледаме. Следуваат и црни листи, а се најавуваат и можни санкции“, предупреди Фрчкоски.

Тој порача дека СДСМ ќе продолжи јавно да ја разоткрива, како што рече, оваа агенда.

„Наши стратешки пријатели се САД, а местото на Македонија е во НАТО и во Европската Унија. Од ова нема отстапување“, заклучи Фрчкоски.

Next Post

СДСМ: Тендерската мрежа на Доновски е проширена со семејни и партнерски фирми

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk