ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Членството на УПОЗ ќе одлучува дали е прифатлива понудата на Владата – потпишувањето колективни договори е клучниот услов за поголеми плати во администрацијата

February 6, 2026 06:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, соопшти дека е постигнат напредок во преговорите за додатоците на плати во државната управа и правосудството.

За вработените да ги добијат ветените средства, неопходно е секоја институција поединечно да потпише колективен договор. Текстот на овие договори допрва ќе се усогласува меѓу Синдикатот и Владата, а конечниот збор ќе го имаат членовите на УПОЗ преку гласање.

– Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право – рече Деаеновски.

Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

– Доколку не прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од она што сега е понудено и ди видиме дали ќе има условување од Владата за откажување од нешто другото – изјави Деановски.

Во меѓувреме, УПОЗ преку соопштение информира дека денеска во 15.30 часот ќе биде свикан состанок на органите и телата за да бидат информирани за новата состојба.

– Зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците. Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори – стои во соопштението од УПОЗ.

Денешната средба следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Мицкоски, одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

– Повеќето од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранските, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа е како ќе следува покачувањето на платите на административците, етапно ќе значи и повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата – рече Мицкоски.

Tags: администрацијаВладаМицкоскиплатиУПОЗ
Next Post
Фото: Скриншот

Растат апетитите на Кремљ на мировните преговори во Абу Даби: Русија го бара Донбас како дел од РФ, Зеленски - тоа се наши територии

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk