ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зоран Заев бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и најавува тужба поради „континуирани лаги и клевети“

February 8, 2026 11:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер Зоран Заев со јавно соопштение реагираше на обвинувањата и, како што ги нарекува, „лагите и клеветите“ што, според него, со години ги шират ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, портпароли и медиуми блиски до партијата.

Заев наведува дека веќе пет години е надвор од политиката, откако поднел оставка од сите политички и државни функции, но и покрај тоа, како што истакнува, континуирано е цел на напади.

„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди“, наведува Заев.

Тој јавно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од ВМРО-ДПМНЕ, посебно во врска со, како што вели, „намерната злоупотреба“ на неговото име во случајот со конфискацијата на медицински канабис.

„Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис“, пишува Заев.

Тој категорично ги демантира обвинувањата дека има каква било поврзаност со случаите со канабис, како и тврдењата дека остварувал контакти со институции.

„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа“, нагласува поранешниот премиер.

Во објавата, Заев ги отфрла и другите наводи што, според него, со месеци и години се повторуваат во јавноста.

„Подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката, а посебно во овие скоро две години колку што се на власт, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции“, наведува Заев.

Тој посочува дека со години трпел навреди и напади, но најавува дека овојпат ќе реагира правно.

„Трпам секојдневни навреди веќе пет години. Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам, се борев за слобода на говорот, но сега е доста“, пишува Заев.

На крајот, поранешниот премиер најавува тужба доколку, како што вели, не следува извинување во законски предвидениот рок.

„Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име“, порачува Заев.

Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вчера на прес-конференција истакна дека „над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев“.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗоран Заев
Next Post

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминаа границата – Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски: кој сѐ е вмешан?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk