ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминаа границата – Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски: кој сѐ е вмешан?

February 8, 2026 12:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од СДСМ побараат одговорност за, како што го нарекоа, „картелскиот скандал со 5 тони дрога“ која од Македонија била запленета во Србија, посочувајќи дека и по една недела нема одговор како толкава количина наркотик ја поминала македонската граница.

На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, праша кој сè е вмешан и кој ќе понесе одговорност.

„Помина цела недела од објавата на картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија која била запленета во соседна Србија. Со денови нема одговор на најважното прашање: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара?“, изјави Димитријевиќ.

Тој нагласи дека досега нема приведени ниту осомничени лица и дека, според СДСМ, наместо одговори има само дефокус.

„Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус“, рече тој.

Според јавно објавените фотографии од српските институции, како што посочи Димитријевиќ, дрогата била пакувана во големи картонски кутии, што укажува на организиран транспорт со повеќе товарни возила.

„Тоа значи многу пратки и многу возила. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, праша генералниот секретар на СДСМ.

Тој оцени дека без поддршка и логистика од врвот на власта ваков шверц не бил можен.

„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта, шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно“, истакна Димитријевиќ.

Димитријевиќ упати директни прашања – „Кој се е вмешан: Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, Тарчуловски“.

„Од Скопје до Табановце има 48 километри со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на ‘Safe City’? Каде е полицијата? Каде се екипите на Мобилна царина?“, праша Димитријевиќ.

Тој додаде дека од медиумите произлегуваат информации за поврзаност на случајот во Србија со, како што рече, „сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ – СНС и државни функционери“.

„Случајно? Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта“, рече тој.

Во продолжение, Димитријевиќ реагираше и на соопштенијата на Министерство за внатрешни работи, оценувајќи дека институцијата молчи за преминувањето на дрогата преку граница, но истовремено објавува информации за заплени во земјава.

„МВР молчи за тоа како 5 тони дрога преминале преку македонската граница, ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава“, изјави тој.

Според него, доколку навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис, тогаш повторно одговорноста е кај власта.

„Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години. Кои институции затаиле? МВР, здравство, земјоделие, инспекции?“, праша Димитријевиќ.

Од СДСМ порачаа дека очекуваат целосна одговорност и расчистување на случајот.

„Одговорност мора да има за картелскиот скандал со дрога, од прв до последен, а тоа значи до врвот на власта. Не дефокус и не други прашања. Кој дозволил со неколку шлепери да поминат 5 тони дрога низ државата, низ царина и полиција до Србија“, порача генералниот секретар на СДСМ.

Tags: Александар Саша ДимитријевиќграницамарихуанаМицкоскиСрбијаТошковски
Next Post

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk