ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Блокадите од ССМ имаат политичка заднина, Владата постигна историски договор со синдикатите

February 10, 2026 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот на Владата со синдикатите, изјави:

„Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу 40% повисока плата, од таа што денеска ја добиваат. И со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно сега со САДУ и со УПОЗ, на тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада, сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги.“

На прашањето дали ќе се донесе едно конечно решение околу минималната плата, бидејќи денеска има блокади пред Собранието, а има и најави за блокирање на Стопанските комори и на Владата, премиерот Мицкоски рече:

„Не, тоа ќе продолжи. Затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес-конференција, видно во егзалтична состојба задоволен од тоа што го постигнал. Но, денеска го гледате блокира со тој другиот којшто се повикува на работнички права, злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци работниците кој ги води, кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси. И тоа во периодот што следи, ќе го има, нема да престане, јас сум свесен. Но она, коешто за мене е важно како претседател на Владата е дека аргументот Владата е најголем работодавач, треба да си ги регулира обврските, ние си ги завршивме нашите обврски.

Во бипартитниот дијалог меѓу коморите, односно работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор. И рековме ќе го поддржиме секое решение коешто практично тие ќе го договорат. Но политички инструирани, самонаречени водачи, ние не можеме да поддржуваме. Не сакаме да поддржуваме, да влегуваме во таков тип на процеси. Повторно ќе кажам, еден од оние коишто денеска протестираше, пред два дена со мене држеше прес-конференција во една егзалтична состојба, кажуваше дека ова е историски договор и дека ова никогаш не се случило до сега и така натаму. Но, граѓаните сами нека судат и нека ценат.“

Tags: блокадаМицкоскисиндикатиССМ
Next Post

СДСМ поднесува и закон за враќање на достоинството на Собранието, најави Филипче

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk