ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски најави повлекување од набавката на нов владин авион, СДСМ бара објаснување за „семејните патувања“

February 18, 2026 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Илустрација Фронтлајн

Илустрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ со ново соопштение го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски во врска со користењето на владиниот авион и плановите за набавка на нов државен воздухоплов, барајќи одговори за трошоците и оправданоста на таквата одлука.

Од партијата наведуваат дека премиерот треба да објасни под кои околности го користел владиниот авион, како и да ги соопшти деталите за неговите патувања.

„Сега кога Мицкоски призна дека го водел семејството на море на трошок на граѓаните, нека каже и кај кого беше на Јадранско море“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата исто така оцени дека средствата треба да се насочат кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, наместо кон, како што велат, „луксуз на власта“.

„Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано“? Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни. Често народот вели дека и парите може да бидат лековити. Хумано не е исто што и хуманитарно. Би било хумано да се зголемат платите на работниците на 600 евра. Затоа што луѓето едвај врзвуваат крај со крај,  не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства. А ако се плаши да лета со владиниот авион, како што вели, постојат и комерцијални летови. Е сега не мора со бизнис класа како што е навикнат и со карти од 4.000 евра, може да патува и со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Овие реакции следуваат откако премиерот Мицкоски изјави дека Владата ќе се повлече од планот за набавка на нов државен авион по јавните критики.

„Ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме, претпоставувам дека ќе стане јасно дека дебатата за некоја идна влада и идни премиери е беспредметна“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека владин воздухоплов користел четири пати, наведувајќи дека во еден случај бил испратен да го врати во Скопје откако пропуштил комерцијален лет од Хрватска поради службени обврски.

Според премиерот, набавката на нов авион била разгледувана како долгорочно решение кое би служело и за идните влади и за хуманитарни мисии.

Ј. Ѓ.

Tags: авионВладавладин авионМицкоскиповлечена набавкаСДСМ
Next Post

По Рама, и Вучиќ би прифатил членство во ЕУ без право на вето

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk