Опозициската СДСМ соопшти дека нацрт-извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, претставува потврда дека процесот на пристапување на земјата кон Европската Унија е запрен и дека нема напредок во клучните реформски области.
Во партиското соопштение се наведува дека во документот се констатира застој во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.
„Процесот на пристапување е сопрен – ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај“, наведуваат од СДСМ.
Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
Од партијата оценуваат дека извештајот испраќа порака дека напредокот кон ЕУ е можен само доколку има вистински реформи и почитување на владеењето на правото.
СДСМ ја обвинува Владата дека, според нив, не спроведува реформи и дека земјата ја води во изолација. Во соопштението се наведуваат и тврдења за сомнителни тендери, како и критики за состојбата во правосудството.
Партијата исто така тврди дека институциите, вклучително и Обвинителството и Државната комисија за спречување на корупцијата, не постапуваат по одредени случаи, како и дека Владата носи закони кои, според нив, не се усогласени со препораките на Европската Унија.
Дополнително, од СДСМ обвинуваат дека Владата води политика која, според нив, ја оддалечува земјата од европската интеграција, и покрај тоа што, како што наведуваат, мнозинството граѓани ја поддржуваат перспективата за членство во ЕУ.







