ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајц повика да не се пропушти „прозорецот за проширување на ЕУ“ и итно да се спроведат уставните измени, Мицкоски бара гаранции

February 27, 2026 06:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, ги повика македонските власти да го искористат, како што рече, позитивниот момент во Европската унија за проширувањето и да покажат политичка волја за надминување на застојот со уставните измени.

Презентирајќи го годинешниот нацрт-извештај за напредокот на земјата пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), Вајц оцени дека постои „реален прозорец на можности“ за напредок.

„Апликацијата е стара повеќе од 20 години и мислам дека е време да продолжат напред. Сакам да потенцирам дека има голем прозорец на можности во моментов за целиот регион, но особено за Северна Македонија да продолжи напред кон членство во ЕУ. Има зелено светло од Советот, Комисијата, тука во ЕП има огромна поддршка. Постои реален прозорец на можности и затоа се надевам дека македонските власти нема да го пропуштат“, изјави Вајц.

Тој повика на итна политичка волја за решавање на прашањето со уставните измени, оценувајќи дека реформите во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата се недоволни.

Во однос на уставните измени, Вајц истакна дека правата на малцинствата за културно изразување и самоопределување се дел од европското законодавство и од преговарачката рамка.

„Заклучоците треба да се спроведат, во Уставот да се стават малцинства што се присутни во земјата. Тоа е и во духот на она што би го нарекол успешна приказна на земјата“, рече тој.

Според него, Северна Македонија се наоѓа во тешка позиција бидејќи процесот на пристапување фактички е сопрен, а во извештајот се наведува дека нема напредок во однос на уставните измени, делумно поради стравувања од нови билатерални или дополнителни барања од Бугарија.

Во расправата, бугарските европратеници порачаа дека земјата треба итно да ги спроведе преземените обврски, додавајќи дека местото на Северна Македонија е во Унијата, но не по секоја цена. Дел од европратениците посочија дека дел од одговорноста за долготрајниот застој лежи и во самата ЕУ.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Сител изјави дека актуелната позиција на земјата е резултат на политиките на претходната влада и нагласи дека Владата нема намера да прифати нови условувања без јасни гаранции.

„До позицијата во која се наоѓаме сега нè доведе политиката на претходната влада, некој мекотел го донел ‘слонот во собата’ и ние не можеме да го игнорираме“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата внимателно ги следи сите сигнали од Брисел и работи проактивно.

„Ние мора како одговорни политичари сè што ќе слушнеме на релевантни места од релевантни луѓе да го антиципираме, да го процесираме и да креираме стратегија. Значи, ние сме проактивни, не сме реактивни. Но ќе повторам по којзнае кој пат, ние немаме намера да бидеме мекото ткиво слично на нашите претходници. Нема да бидеме политички мекотели“, рече премиерот.

Според него, доколку земјата ги исполнува своите обврски, истото треба да важи и за сите други страни.

„Ако за нас важи принципот Pacta sunt servanda, треба да важи за сите“, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека Северна Македонија е членка на НАТО, има усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и дека Советот на Европа го прекинал постмониторингот за земјата, што, според него, е доказ за демократска зрелост.

Во меѓувреме, нацрт-извештајот на Вајц ќе биде разгледуван од политичките групи во Европскиот парламент во наредните месеци, по што следува гласање во АФЕТ и на пленарна седница пред летната пауза.

Редакција Фронтлајн

Tags: гаранцииЕУпроширувањеТомас ВајцХристијан Мицкоски
Next Post

Делови од општина Центар без струја повеќе часа поради технички зафати

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk