ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

February 27, 2026 13:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов денеска во просториите на Министерството одржаа средба со одгледувачи на овци, на која се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во општина Липково, Кумановско, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На средбата беше нагласено дека за спречување на појава на нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите строго да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки донесени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Посочено е дека движењето на животните мора да биде проследено со ветеринарно-здравствен сертификат издаден од надлежно ветеринарно друштво.

Надлежните апелираат сточарите веднаш да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата доколку забележат симптоми на болеста или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност.

Институциите веќе спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитна зона во радиус од три километри и во зона под надзор во радиус од десет километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање и спречување на понатамошно ширење.

Дополнително беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од овчо млеко кои се подложени на пастеризација не е доведен во прашање. Движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, но во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари.

Во зависност од развојот на состојбата на терен, како што беше посочено, кон средината на наредниот месец се очекува да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

Next Post
Скриншот

„Парамаунт“ понуди 108 милијарди долари за „Ворнер брос“, „Нетфликс“ се повлече

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk