ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ: Превенцијата е клучна во борбата против карциномот

March 4, 2026 11:17
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуманиот папилома вирус (ХПВ) – еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но, превентабилен здравствен проблем, соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).

– ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови вируси, од кои околу 40 се пренесуваат преку сексуален контакт. Се проценува дека повеќе од 80 проценти од сексуално активните лица ќе дојдат во контакт со вирусот барем еднаш во текот на животот. Кај повеќето, инфекцијата поминува без симптоми и организмот сам ја елиминира. Но, кај дел од лицата вирусот може да перзистира и со тек на време да доведе до преканцерозни промени и карцином, информираа од МАГО.

Во нашата држава, карциномот на грлото на матката е меѓу најчестите малигни заболувања кај жените. Годишно се регистрираат приближно 150 до 170 нови случаи. Инциденцата изнесува околу 20 нови случаи на 100.000 жени годишно, што е повисоко од посакуваните европски стандарди. Дополнително загрижува фактот што се регистрираат случаи и кај многу млади жени.

– Речиси 99 проценти од случаите на карцином на грлото на матката се поврзани со долготрајна инфекција со високоризични типови на ХПВ. Ова ја прави оваа болест една од ретките малигни болести што може ефективно да се превенира, потенцираа од МАГО.

Вакцинацијата е клучна превентивна мерка. Како што нагласија од МАГО, кај нас ХПВ вакцинацијата е дел од националниот календар за имунизација и се препорачува за девојчиња и момчиња во адолесцентна возраст. Вакцината е безбедна, ефикасна и обезбедува заштита од најчестите високоризични типови на вирусот.

– Сепак, опфатот со вакцинација во земјата изнесува околу 50-55 проценти, што е значително под препорачаниот опфат од најмалку 90-95 отсто потребен за колективна заштита. Ова укажува на потребата од дополнителна едукација и подигање на јавната свест, додадоа од МАГО.

Меѓународните искуства покажале дека земјите со висок опфат на вакцинација бележат драматично намалување на преканцерозните промени и на новодијагностицираните случаи на карцином на грлото на матката кај младите генерации.

Скринингот спасува животи.

– Покрај вакцинацијата, редовните гинеколошки прегледи се од суштинско значење. ПАП тестот и ХПВ тестирањето овозможуваат рано откривање на преканцерозни промени, кога третманот е едноставен и високо успешен. Важно е да се нагласи дека ХПВ инфекцијата често не предизвикува симптоми, па затоа редовните контроли се неопходни, дури и кога лицето се чувствува здраво, истакнаа од МАГО.

Нагласија дека ХПВ не е „болест на одредена група“ – туку ги засега и жените и мажите.

– Стигмата, дезинформациите и стравот можат да доведат до одложување на вакцинацијата и прегледите. Едукацијата, отворениот разговор и поддршката од здравствените институции се клучни за заштита на идните генерации. Со комбиниран пристап – висока стапка на вакцинација, организиран скрининг и информирана популација – можно е значително намалување, па дури и елиминација на карциномот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем. Четврти март е потсетник дека превенцијата е во наши раце. Информираноста, навремената вакцинација и редовните прегледи спасуваат животи, апелираа од МАГО.

Tags: ХПВ
Next Post

Иницијативата „Кој е следен?“ повика на марш за 8 Март - „Оваа полиција не е наша полиција“

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk