ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

(ВИДЕО) Брутални напади на Иран врз Израел: најмалку 5 загинати, стотици повредени и уништени згради

Балистички ракети погодија градови на југот на Израел

March 22, 2026 06:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Градот Араб во Израел нападнат со балистички ракети.Фото: Скриншот, видео Х

Градот Араб во Израел нападнат со балистички ракети.Фото: Скриншот, видео Х

Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во синоќешните брутални ирански напад со балистички ракети врз градот Арад на југот на Израел, јавуваат странски медиуми.

Според првичните информации, една станбена зграда целосно се урнала во моментот на ударот, додека друга била зафатена од пожар. Вкупно девет објекти се оштетени, а властите изразуваат сериозна загриженост поради голем број лица кои се водат како исчезнати или се затрупани под урнатините.

На терен е прогласена состојба на голема несреќа, а ангажирани се сите расположливи спасувачки тимови, вклучително и пожарникари и хеликоптери, кои трагаат по преживеани. Според информациите, обидите за пресретнување на ракетите биле неуспешни.

NOW: Destruction in Arad, Israel, after an Iranian missile strike. https://t.co/zxKLU45wgc pic.twitter.com/r3hulEt2FA

— Clash Report (@clashreport) March 21, 2026

Петгодишно девојче во критична состојба

Израелската медицинска служба Меген Давид Адом соопшти дека 33 лица се пренесени во болница, од кои четири се во тешка состојба, 12 имаат средно тешки повреди, а 17 се полесно повредени.

Во дополнителни извештаи се наведува дека меѓу повредените има и петгодишно девојче кое е во критична состојба. Уште најмалку 11 лица се тешко повредени, додека повеќе други имаат полесни повреди.

Спасувачките служби нагласуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи потрагата по затрупани лица сè уште трае.

Another very close footage of Iranian missile hit in Dimona tonight. pic.twitter.com/xtl9Fu2txm

— Clash Report (@clashreport) March 21, 2026

Напади и врз Димона, страв од поголема катастрофа

Паралелно со нападот врз Арад, погоден е и градот Димона, каде што се наоѓа израелскиот нуклеарен истражувачки центар Негев.

Израелската армија потврди дека станува збор за директен ракетен удар врз објект во градот, при што се повредени 39 лица, меѓу кои и дете на околу десет години кое е во тешка состојба.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) соопшти дека засега нема индикации за оштетување на нуклеарниот објект, ниту пак се забележани зголемени нивоа на радијација.

„Нема докази за оштетување на Центарот за нуклеарни истражувања Негев, ниту се регистрирани абнормални нивоа на зрачење“, соопшти агенцијата, додавајќи дека внимателно ја следи ситуацијата.

Моќни експлозии и големи разурнувања

Според проценките, ракетите биле опремени со конвенционални боеви глави со стотици килограми експлозив, што ја објаснува силата на експлозиите и обемот на штетата.

Снимки што кружат на социјалните мрежи, наводно го прикажуваат моментот на ударот и силните детонации кои одекнуваат низ градовите.

Директорот на израелската итна служба изјави дека станува збор за „настан од огромни размери“, опишувајќи сцени на хаос и неизвесност.

„Со некои лица изгубивме контакт и стравуваме за нивната безбедност“, изјави тој, додавајќи дека спасувачките операции се во тек.

Израел истражува зошто системите за одбрана не успеале

Израелските воздухопловни сили започнаа истрага за неуспешното пресретнување на балистичкиот проектил што го погоди Арад.

Паралелно, и Командата за домашен фронт спроведува истрага за околностите на нападите, вклучително и ударот врз Димона.

Се анализира како ракетите успеале да ги пробијат одбранбените системи, со оглед на тоа што станува збор за еден од најзаштитените воздушни простори во регионот.

Напади и надвор од Израел – расте регионалната ескалација

Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала три балистички ракети и осум беспилотни летала.

Во овие напади има 160 повредени лица од различни националности, а повредите се движат од лесни до тешки.

Според официјалните податоци, од почетокот на ескалацијата, противвоздушната одбрана на ОАЕ се соочила со вкупно 341 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и дури 1.748 беспилотни летала.

Властите порачаа дека се подготвени да одговорат на сите закани и да ја заштитат безбедноста и стабилноста на државата.

Нетанјаху: Израел помина низ „многу тешка вечер“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата поминала низ „многу тешка вечер“ по нападите врз Арад и Димона.

„Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави Нетанјаху, по разговорите со локалните власти.

Редакција Фронтлајн

Tags: жртвиизраелирански нападиповредени
Next Post
Анаис пишува хороскоп пред календар со заокружени датуми 23 и 30 март, со топла астролошка атмосфера.

Неделен хороскоп со Анаис - 23 до 30 март 2026

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk