ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

April 13, 2026 12:47
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Фатмир Битиќи

Поразот на Виктор Орбан е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта, вклучително и кај нас. Падна еден модел на владеење што со години се претставуваше како алтернатива на Европската Унија(ЕУ), а всушност се темелеше врз постојан конфликт со институциите, врз стравот како политичка алатка, поделбите и постепеното слабеење на демократските стандарди и вредности. Но на крајот, унгарските граѓани кажаа дека им е доста од политика која додека зборува за нацијата, зад себе остава корупција, која додека говори суверенитет ја турка државата во изолација, политика која неуморно ветуваше стабилност, а произведуваше стагнација. Дојде денот кога граѓаните го вратија политичкиот часовник кон достоинството и европскиот вредносен хоризонт.

Орбан во шеснаесетгодишното владеење за Македонија не беше далечен европски лидер, тој беше политичка референца, симболички покровител и адреса кон која се гледаше со восхит. Тоа го видовме низ годините во политичката заштита што Будимпешта му ја даде на Никола Груевски, во медиумските и политичките врски со ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и во економското поврзување преку корозивни кредитни аранжмани и унгарско присуство во чувствителни сектори.

Не е доволно само да се каже дека Орбан загубил, треба да се каже и што точно е поразено со неговото заминување од власта, како политичка идеја што долго фрлаше сенка и врз македонската политичка сцена. Најнапред, се распадна илузијата дека Македонија може да оди напред така што ќе се држи ЕУ надвор од политичката агенда, а граѓаните ќе се тешат со суверенистички фрази и авторитарни пријателства. Падна и илузијата дека некој може да се претставува како демократ, а притоа да ја поткопува општествената кохезија, институционалната рамнотежа и вредносната насока на државата. Се покажа како погрешна и логиката дека политичката блискост со Орбан е некаква стратегиска предност за Македонија.

Јас не сум против добри односи со Унгарија. Напротив, Македонија треба да има добри односи со сите европски држави, вклучително и со Унгарија. Но едно е партнерство меѓу држави, а сосема друго е увоз на веќе поразен политички модел. Едно е билатерална соработка, а друго е идеолошка зависност. Македонија не смее да продолжи да ја мери својата иднина според орбановиот политички компас или да се води по неговите политички сугестии, туку според сопствениот демократски интерес.

Не верувам во Македонија што ќе бара утеха кај авторитарни политички модели. Верувам во достоинствена, европска Македонија. Во држава што ќе има силни институции, слободни медиуми, владеење на правото, транспарентни финансии и економија што не се храни од политички патронати.

Поразот на Орбан треба да е и опомена за Владата во Скопје. Кога граѓаните во една земја ќе го поразат моделот на страв, контрола и политичка самодоволност, тогаш никој веќе не може убедливо да тврди дека тоа е патот на иднината. Иднината не е во орбанизација на Македонија. Иднината е во европеизација на Македонија – праведна држава, слободно општество и чесна власт.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот
Next Post

(ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk