ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026 13:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за евентуалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски повторно се актуелизираше во домашната јавност по политичките промени во Унгарија. Актуелниот премиер Христијан Мицкоски порача дека ставот на државата останува непроменет и дециден – доколку Груевски се појави во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен на издржување на затворската казна за која веќе постои правосилна судска пресуда.

Мицкоски нагласи дека одлуките поврзани со азилот и престојот на Груевски во Будимпешта се во надлежност на унгарските власти, потсетувајќи дека првичните барања за екстрадиција беа одбиени уште во 2019 година токму поради неговиот статус на азилант. Иако постојат правни процедури и право на жалба за секое лице со ваков статус, премиерот подвлече дека домашниот правосуден систем има јасен налог за негово приведување врз основа на судските одлуки.

– Од она со што сум запознаен е дека постои процедура доколку лицето има право на азил поради определени причини – рече Мицкоски и упати за повеќе детали до Министерството за правда.

– Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш по неговото појавување во државата, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување затворска казна, која е во согласност со правосилна одлука. Нормално, секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува потоа жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда, со која лицето е упатено на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, немам такви очекувања – изјави Мицкоски.

Во однос на очекувањата за тоа дали и кога бегалецот би можел да биде екстрадиран по доаѓањето на новата власт во Унгарија, Мицкоски изјави дека нема конкретни предвидувања, упатувајќи ги подеталните прашања до Министерството за правда. Тој потенцираше дека фокусот на државата во моментов е насочен кон градење на односите со новиот унгарски премиер Петер Маѓар.

Честитајќи му ја изборната победа на Маѓар, Мицкоски изрази надеж дека новата унгарска администрација ќе продолжи да биде силен поддржувач на македонските евроинтеграции. Според него, проевропскиот курс на новата влада во Будимпешта е позитивен сигнал за целиот регион и за забрзување на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

– Доколку ме прашувате дали очекувам промена на односите – не, апсолутно не очекувам – изјави денеска премиерот Мицкоски по настанот за одбележување на Денот на Царинската управа.

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека по промените во Унгарија веќе нема оправдувања и дека власта мора веднаш да побара екстрадиција на Никола Груевски.

Филипче бара министерот Филков од ЗНАМ да побара екстрадиција на Груевски

„Ја поздравувам јасната и недвосмислена порака на новиот унгарски премиер Петар Маѓар од вчерашната прес конференција. Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште на луѓето кои бегаат од правдата. Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец. Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“, истакна Филипче.

Тој посочи дека по ова, на потег е актуелната власт во Македонија, особено министерот за правда од ЗНАМ.

Ј. Ѓ.

Tags: ГруевскиекстрадицијазатворМицкоски
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис - 15 април

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk