ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одговор на „пресудите“ од СЕММ

Јас и моите колешки и колеги остануваме посветени на највисоките и најстрогите професионални стандарди и етичките норми. Ќе продолжиме да бидеме простор за слободно изразување и за борба против лажните вести и дезинформации. Како и до сега, така и во иднина, ние ќе дадеме сѐ од себе да ги разоткриваме газењето на човековите права и слободи, злоупотребата на моќта, корупцијата, националистичките наративи и постапките кои се против јавниот интерес и македонските национални интереси.

April 16, 2020 16:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

По трет пат за помалку од половина година добивам „пресуда“ од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Наспроти сите аргументи кои, дури и во одлуките на СЕММ се уважуваат, „пресудата“ е против мене и медиумските платформи во кои сум уредник. Воедно, забележливо е дека овие одлуки лесно стануваат дел од арсеналот на оние што секојдневно дејствуваат против јавниот интерес и против демократијата и човековите права.

Го користам правото јавно да го изразам својот личен став дека по трет пат, наместо да се одбрани слободата на изразувањето и јавниот интерес, единствено што се постигнува е да им се даде дополнителен материјал на структурите кои со години се обидуваат да ми наместат лична и професионална штета.

Воедно, чувствувам потреба да го истакнам фактот дека, барем колку што ми е мене познато, нема реакција за жестоката кампања која континуирано се води против мене, како и моите колешки и колеги и, неретко, моето семејство, во дел од медиумите, како за време на режимот, така и по него.

Лаги, клевети, вулгарни навреди и закани ми се упатуваат секојдневно од новинари, политичари и партиски активисти, па и функционери во некои институции, како на социјалните мрежи, така и во медиумите. Реакција не видов до сега. Но затоа, ако како уредник одвојам простор за личен став на автори кои споделуваат аргументи или изнесуваат сопствен став – „пресудата“ е дека јас или медиумите за кои сум одговорен, прекршиле некој член од Кодексот на новинарите.

Сакам да биде јасно, јас бев и останувам искрен и посветен поддржувач на телата и организациите за медиумска саморегулација.

Неправедната „пресуда“ ја објавив со должна почит кон институцијата и нејзината мисија, но ќе го искористам правото да протестирам против неправедните одлуки што беа донесени во краткиот период од 30 ноември 2019 до 8 април 2020 година.

Јас и моите колешки и колеги остануваме посветени на највисоките и најстрогите професионални стандарди и етичките норми. Ќе продолжиме да бидеме простор за слободно изразување и за борба против лажните вести и дезинформации. Како и до сега, така и во иднина, ние ќе дадеме сѐ од себе да ги разоткриваме газењето на човековите права и слободи, злоупотребата на моќта, корупцијата, националистичките наративи и постапките кои се против јавниот интерес и македонските национални интереси.

За информација на јавноста, подолу се линковите на текстовите по кои следуваа „пресудите“ на СЕММ (вклучувајќи и една „пресуда“ од Советот на честа на ЗНМ).

1. Бранко Тричковски, колумнист на интернет порталот FRONTLINE.MK ја објави колумната (личен став) Флека на екранот, на 18 ноември 2019.

Советот на честа на ЗНМ донесе „пресуда“ на 30 ноември 2019: Советот на честа на ЗНМ му „пресуди“ на Тричковски.

Одговорот на Тричковски: Не го признавам знм! е објавен истиот ден, 30 ноември 2019.

Уследи пресуда на  6 декември 2019: СЕММ: FRONTLINE.MK со текстот „Флека на екранот“ го прекрши Кодексот на новинарите во членовите 15 и 16.

Одговорот на Тричковски: Како бев уништуван од идиоти.

2. Вториот случај е, исто така, мошне симптоматичен. Дали Чулев спрема алиби за евентуални апсења на негови соработници?, објавен на ЦИВИЛ МЕДИА, на 6 февруари 2020. За СЕММ, проблематично било тоа што не е консултирана „другата страна“. Само за информација, текстот е составен од 161 збор, од кои 115 зборови се пренесување на изјавата, демантот од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Пресудата“ беше објавена на 28 февруари 2020: СЕММ донесе одлука по жалбата на Наќе Чулев.

3. Генералите, аѓутанти на Иванов, ги игнорираат Шекеринска и македонското зачленување во НАТО, објавен на 1 март 2020.

Пресуда од СЕММ, која во нашиот инбокс пристигна на 15 април 2020: Одлука на СЕММ: Фронтлајн.мк го прекрши Кодексот на новинарите со текстот „Генералите, аѓутанти на Иванов, ги игнорираат Шекеринска и македонското зачленување во НАТО“.

Tags: етикамедиумиСЕММ
Next Post

18: Вонредна состојба уште 30 дена, заболени 1081, излечени 121, Дерала со одговор на „пресудите“ од СЕММ

НАЈНОВО

Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско

August 28, 2025

Голем спектакл во мешани боречки вештини во Скопје

August 28, 2025

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk