Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност.
„Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители“, рече Филипче.
Во рамките на овој столб, предвидено е основање на национална антикорупциска дирекција според моделот на романскиот ДНА.
„Нова целосно независна институција, полна финансиска и кадровска независност, надлежност за сите, од премиер до градоначалник, до најситен функционер на локално ниво. Директорот се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, за да не може ниту една политичка партија да влијае и да го контролира. Моделот е комбинација на романското ДНА, која има огромна ефикасност, и естонските дигитални алатки. Финансирането, 60% од европските пристапни фондови и 40% од буџетот, плус пари вратени од корупцијата“, рече Филипче.
Како дел од столбот за нулта корупција и дигитална транспарентност е целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел.
„Сите тендери, дозволи, сувенции и плаќања ќе се прават исклучиво преку онлајн апликација и една национална дигитална платформа. Граѓанинот или компанијата понесува барање со клик и го следи целиот процес во реално време. Нема физички контакт со службеници. Моделот е естонски, 99% од услугите се онлајн и благодарение на тој модел, Естонија е една од најмалку корумпираните земји во Европа“, рече Филипче.
Воедно, во рамки на столбот ќе се воведе задолжителна електронска декларација на имот.
„Секој функционер од од премиер до најнизок функционер на локално ниво, семејство, го пријавуваат целиот имот, сметки, акиции, подаровци над 100 евро. Вештачка интелигенција, системот кој ќе користи, ги споредува со примањата. Лажна или нецелосна декларац ија ќе бидепредметна кривична одговорност. Моделот е естонски, плус модел кој што се имплементирал во Сингапур“, рече Филипче.
Како дел од столбот нулта корупција и дигитална транспарентност е заштита и награда за свиркачи и регистар на црни листи.
„Граѓанин или вработен кој ќе пријави корупција добива 5 до 15% од вратените пари, плус целосна заштита на идентитетот и неговото работно место. Има анонимен онлајн канал, а моделот е по примерот на Естонија и САД. Со јавниот регистар на црни листи, секој осуден за корупција трајно се забранува да врши јавна функција или да учествува на државни тендерски постапки, ќе следуваат строги казни и конфискација на имот. Регистрот ќе биде јавно достапен онлајн. Моделот од естонската и од романската пракса“, рече Филипче.









































































































