Денеска премиерот Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, информираат од Владата.
Како што информираат, било нагласено дека „само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината“.
Соговорниците се согласиле дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.
Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност, се нагласува во соопштението на Владата.












































































































