ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ивановски: Делницата од Зелениково до Железничка станица Скопје ќе биде во функција од септември

May 25, 2026 12:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градежните работи на првата линија на Градскиот воз од Зелениково до Нова железничка станица привршуваат. Од септември ќе се стави во функција градскиот воз на оваа линија, вели во интервју за „Призма.мк”, директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, пренесува Министерството за транспорт.

„Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до главната железничка станица, во должина од околу 25 километри. Ова е постоечка пруга, дел од коридорот 10 и одамна е во функција, но не онака како што треба да биде. На делницата се прави реконструкција, комплетно се демонтираше целата пруга, дел од праговите се заменети со бетонски, а другиот дел, кон Скопје, со нови, дрвени прагови. Правевме тестирања и веруваме дека по комплетно завршување на градежните работи до крајот на јуни, ќе може да се вози повторно со проектираните 80 км/ч, за патничкиот сообраќај. Потоа ќе има дополнителни тестирања, но во принцип, овој крак за градски воз би требало од септември да биде во целосна функција.
За делниците кон Илинден и Ѓорче Петров, градежниот дел ќе биде сличен. И на двете места има постоечка пруга, меѓутоа за разлика од таа од Зелениково, на овие делници нема никаков сообраќај и се во многу лоша состојба. Веќе објавивме постапка за двата проекти, и ако успееме да завршиме со проектирање до септември, веднаш ќе има оглас за избор на изведувач на двете траси, за кон крајот на 2026 да почнеме и до крајот на 2027 да ги завршиме.
Во ребалансот на буџетот ги баравме овие средства, да бидат во развојната програма, дел во 26-та, дел во 27-ма и можеби дел во 2028 година и се надеваме дека ќе ни биде одобрени, приоритет на владата е да имаме градски воз” – вели Ивановски.

На прашањето за тоа дали ќе има воз и како ќе се реализира возниот сообраќај, Инвановски одговара дека се во целосна координација со МЖ Транспорт и ЈСП.

„Мора да имаме координација со другото претпријатие (МЖ Транспорт н.з.). Им кажавме, ние ќе ги направиме пругите, вие возовите како знаете да ги обезбедите. Дадоа збор дека од први септември, ќе има воз којшто специјално ќе биде наменет за градскиот воз и тој нема да продолжува кон Гевгелија, туку од Транспортен центар до Зелениково, во континуитет. Возниот ред го одредуваат тие, меѓутоа сигурно ќе го има повеќе пати во денот.
Ќе мора да помогне и Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје. Градоначалникот даде согласност дека при креирање на возниот ред ќе биде вклучено ЈСП, за синхронизирано собирање на патници од населените места и носење до самата станица.
Верувам дека и двете претпријатија, и МЖ Транспорт и ЈСП, ќе најдат ресурси за овој проект да биде функционален бидејќи даваме целосно нова алтернатива за движење и транспорт. Мора да најдат. И јас можам да имам оправдување дека немаме капацитети, но даваме приоритет на градскиот воз за да заживее. Со него ќе имаме извесност, ќе знаеме за колку минути ќе стигнеме до центарот. А со автомобил, дали имало протест, делегација или сообраќаен метеж, нема извесност, па затоа оваа алтернатива за приградските населби е нешто што би требало да биде приоритет и за Град Скопје, и за ЈСП и за МЖ Транспорт”, вели директорот Ивановски.

Tags: Железничка станица СкопјеЗелениковоСиниша Ивановски
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Трамвај излета од шините во центарот на Белград и удри во зграда: Повредени се 14 лица, меѓу нив и две деца

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk