ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026 18:49
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот агресор продолжува со обидите да ја легитимира окупацијата на украински територии преку т.н. избори во областите што ги држи под воена контрола. Кијив и меѓународните институции предупредуваат дека секој таков обид претставува грубо кршење на меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на платформата X порача дека руските обиди да се организираат избори на привремено окупираните територии немаат никаква правна важност.

„Секој обид на рф да спроведе избори на привремено окупираните територии на Украина претставува кршење на меѓународното право и обид за легитимирање на окупацијата. Таквите ‘избори’ се незаконски и немаат правни последици“, порача Дир.

Секој обид на рф да спроведе избори на привремено окупираните територии на Украина претставува кршење на меѓународното право и обид за легитимирање на окупацијата. Таквите „избори“ се незаконски и немаат правни последици. https://t.co/4mawymxxWV pic.twitter.com/zkyiDux8KO

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 10, 2026

Пораката доаѓа во пресрет на изборите за руската Државна дума, планирани за септември 2026 година. Според украинскиот Центар за спротивставување на дезинформациите, Москва уште во март започнала активни подготовки за спроведување т.н. избори и во привремено окупираните делови на Донецката, Луганската, Запоришката и Херсонската област. Центарот оценува дека Кремљ со тоа се обидува да создаде привид на „претставнички орган“ и наводна интеграција на окупираните територии во Руската Федерација.

Украинската позиција е јасна. Избори организирани од окупациска сила на окупирана територија се нелегитимни. Центарот за спротивставување на дезинформациите нагласува дека резултатите од таквите „избори“ нема да бидат признаени, а лицата „избрани“ во таков процес нема да имаат правен статус. Главната цел на Москва, според украинската оценка, е да ја легитимира окупацијата преку имитација на изборен процес.

Истата оценка ја потврдија и ОБСЕ/ОДИХР и Парламентарното собрание на ОБСЕ. На 6 август, тие повторно ја осудија одлуката на Русија да организира гласање во привремено окупираните територии на Украина, нагласувајќи дека резултатите од какви било такви „избори“ немаат важност според меѓународното право. Според ОБСЕ/ОДИХР, таквите дејства се спротивни на меѓународното право и го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

ОБСЕ/ОДИХР, исто така, изрази сериозна загриженост поради тоа што Русија не поканила набљудувачи на ОБСЕ за претстојните избори за Државната дума. Според институцијата, тоа претставува продолжување на моделот на системско непочитување и злоупотреба на обврските што Русија формално сè уште ги има како земја учесничка во ОБСЕ, особено во однос на транспарентноста, изборниот надзор, демократската отчетност и владеењето на правото.

Во украинската експертска јавност, овие процеси се третираат не како избори, туку како имитација и криминален инструмент на окупацијата. На расправа организирана од Ukraine Crisis Media Center, експерти предупредија дека обидот да се спроведат избори во привремено окупираните територии претставува кривично и политичко дејство насочено кон вградување на окупацијата во рускиот државен систем. Поранешниот заменик-претседател на Централната изборна комисија на Украина, Андриј Махера, нагласи дека за вакви „избори“ мора да се зборува со наводници, „во буквална смисла на зборот“.

Учесниците во расправата предупредија и дека Кремљ може однапред да проектира резултати за окупираните територии, со цел да покаже наводна „интеграција“ и поддршка за руските власти. Политичкиот аналитичар Вадим Денисенко оцени дека на окупациските структури може да им бидат поставени конкретни цели за излезност и поддршка за „Единствена Русија“, што дополнително ја разобличува природата на процесот како управувана политичка операција, а не избори.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација со речиси дводецениско искуство во изборниот мониторинг, заштита на избирачкото право и анализа на изборните системи, оценува дека секој обид за организирање „избори“ на територија под воена окупација претставува целосна спротивност на основните демократски и правни стандарди. Не може да стане збор за избори каде што постојат присилна контрола, репресија, страв, присуство на окупациски структури, присилно наметнување руски пасоши на населението под окупација, медиумска цензура, политички прогон, ограничување на движењето и отсуство на реален политички плурализам. Таквите процеси не се избори, туку инструмент на окупацијата, политичка инсценација и обид преку злоупотреба на изборната форма да се прикрие агресијата и незаконската анексија.

Ова не е првпат Русија да користи лажни избори и псевдореферендуми како инструмент на окупацијата. Москва го направи тоа во Крим во 2014 година, потоа во окупираните делови од Донецката, Луганската, Запоришката и Херсонската област, како и при претходни руски изборни циклуси. Министерството за надворешни работи на Украина во повеќе наврати нагласи дека таквите процеси се ништовни, немаат правни последици и не можат да го променат меѓународниот статус на украинските територии што Русија ги окупирала.

Правната суштина е недвосмислена: окупатор не може да создава легитимитет преку гласање организирано под воена контрола. Затоа, објавата на амбасадорката Дир ја сумира украинската и меѓународната правна позиција: секој обид на Русија да организира избори на привремено окупираните територии е обид за легитимирање на окупацијата. Таквите „избори“ се незаконски, без правни последици и без каква било сила да ја променат вистината: Донецк, Луганск, Запоришја, Херсон и Крим се дел од Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Украина бара од меѓународната заедница јасно да ги отфрли овие лажни изборни процеси, да не признава никакви резултати или „избрани“ структури, и да продолжи со санкциски, политички и правен притисок врз Русија и сите лица вклучени во организирањето на оваа изборна фарса.

Џ. Дерала | ЦИВИЛ МЕДИА

 

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk