ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026 12:14
in ZOOM IN, ОПШТЕСТВО
Фотографија: Unsplash

Фотографија: Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Студенти, средношколци и младински организации од различни делови на Европа денес, 20 ноември, учествуваат во меѓународен младински и студентски штрајк под слоганот „За нашата иднина, не за нивните војни“. Акцијата е насочена против милитаризацијата, зголемувањето на воените буџети и политиките за повторно вооружување, за кои младите сметаат дека ги ставаат образованието, социјалната заштита и климатските политики во втор план.

Според соопштението на коалицијата Youth Strike, повикот го поддржуваат повеќе од 50 младински и студентски организации, со најавени активности во повеќе од 25 земји и стотици градови. Меѓу главните барања се запирање на политиките на милитаризација и повторно вооружување, укинување на сите форми на задолжителна воена служба, поголеми инвестиции во образованието и социјалната заштита, климатска и социјална правда, како и почитување на демократските права.

Во Виена се најавени две главни активности. Штрајкот започна во 10 часот пред Универзитетот во Виена, додека протестниот марш е закажан за 15 часот, со почеток од плоштадот Кристијан Брода и завршен собир на Хелденплац.

Меѓу организациите што го поддржуваат повикот во Австрија се Attac Austria, Fridays for Future Austria, Австрискиот студентски сојуз, Stop ReArm Europe Austria и младински организации. Според австриските организатори, протестните активности се дел од пошироко европско движење кое бара јавните средства да се насочат кон образование, климатска заштита, работни места и достапно домување, наместо кон воени инвестиции.

Протести се најавени и во други австриски градови: Грац, Линц, Салцбург, Инсбрук и Штајр.

Меѓународната коалиција на младинскиот штрајк на својата официјална страница објавува контакти на локални организации и движења на земји од цела Европа, меѓу кои и Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Словенија, Хрватска и Малта,  Франција, Германија, Белгија, Холандија, Ирска и Обединетото Кралство, како и скандинавските земји.

Дополнително, коалицијата Stop ReArm Europe наведува дека пошироките мобилизации околу 20–22 ноември се организираат во 18 земји, со учество на синдикати, мировни организации и граѓански движења. Во овие акции се вклучени и протести, собири, активности на универзитетите и јавни дискусии.

Една од главните цели на протестите е планот на Европската Унија за мобилизирање до 800 милијарди евра за одбранбени инвестиции, првично претставен како ReArm Europe, а подоцна преименуван во Readiness 2030.

Оваа сума не претставува единствен фонд од 800 милијарди евра, туку проценет потенцијал за мобилизирање дополнителни средства преку различни механизми, меѓу кои национални буџети и фискална флексибилност, како и европски финансиски инструменти.

Младинската коалиција ја оспорува ваквата распределба на приоритетите и бара средствата да се насочат кон јавните услуги, образованието, здравството, домувањето и климатската транзиција.

Младинскиот штрајк се одржува во период на засилени студентски протести во Австрија, особено поради планираното финансирање на јавните универзитети за периодот 2028–2030 година.

На 22 октомври во Виена се одржа голем протест под слоганот „Red Alert – Save the Universities“, организиран од Австрискиот студентски сојуз и поддржан од универзитетската заедница. Учесниците бараа зголемување на средствата за високото образование. Според различни извори, бројот на демонстранти се проценува на околу 30.000 до 50.000, при што Австрискиот студентски сојуз ја објави повисоката процена.

Причината за незадоволството е планираниот буџет од околу 16 милијарди евра за 2028–2030 година. Универзитетските власти проценуваат дека, со оглед на инфлацијата и зголемените трошоци, би биле потребни околу 18 милијарди евра за одржување на постојното ниво на работа. Разликата, според нивните пресметки, би можела да доведе до намалување на наставниот и истражувачкиот капацитет.

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk