Околу 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Рабин во Тел Авив во знак на протест против антидемократските мерки за време на корона вирусот во Израел, како и против политиката на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Еден од активистите, член на здружението „Црно знаме“, вели дека кога се дискутирале мерките за превенција, воопшто не станувало збор ни за корона вирусот, ни за економијата.
Според последните измени, наводно за превенција од корона вирусот, полицијата може да интервенира во толпа, доколку секој од учесниците не е на 10 метри растојание. Со тоа секој протест би се сведувал на најмногу 200 луѓе.
Како мерка, ова го нема ни во законите, ни во регулативите за вонредни состојби, ниту пак е препорака од Министерството за здравство.
Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на позицијата во три судски случаи.
If you must protest, practice social distancing.
People in Tel Aviv’s Rabin Square protesting against corruption & Benjamin Netanyahu. (Footage via @ItayBlumental). pic.twitter.com/Qqcr9n5fuT
— Stefan Simanowitz (@StefSimanowitz) April 19, 2020