ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Предлог измените на мерките за кои утре ќе одлучува Владата

Филипче и Комисијата за заразни болести предлагаат измени на некои од најстрогите мерки кои досега беа на сила.

April 21, 2020 17:52
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил ги објави предлозите за измени на строгите мерки за справување со корона вирусот.

Филипче и Комисијата за заразни болести предлагаат измени на некои од најстрогите мерки кои досега беа на сила, и кои очигледно вродија со плод, со оглед на тоа дека бројот на нови позитивни на Ковид-19 е значително намален во споредба со претходните недели.

Некои од ограничувањата остануваат, а некои се изменуваат со цел да се олесни функционирањето на граѓаните. Министерот, на редовната прес конференција, сепак нагласи дека пикот на заразата се очекува кон крајот на април или почетокот на мај.

„Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог измени во однос на времетрањето на полицискиот час и носењето на заштитна опрема на граѓаните.

Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега.

За возрасните граѓани да продолжи времето на движење, од 08:00 до 12 часот, наместо од 10:00 до 12:00 часот.

Продолжување на периодот во којшто се движат и младите до 18 години, во периодот од 13:00 до 16:00 часот.

Полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува во сабота во 13:00 часот и да заврши во понеделник во 05:00 часот наутро.

Да остане целосно исто како и досега забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено. Заштитна опрема на затворено треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица.

Во однос на отворените површини заштитна опрема мора да се носи на места каде што нема простор за дистанца од 2 метри. Задолжително заштитна опрема се носи на пазарите.

Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само ако 1) лицето носи заштитна опрема на работа, која е пропишана со работното место како во погони, фабрики, производство 2) ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа 3) вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од 2 метри и не го прави тоа во група согласно постоечките рестрикции 4) при возење на патничко моторно возило со лица со коишто лицето живее во заедница или домаќинство. 5) При движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку 2 метри од другото лице коешто е во непосредна близина.“ – напиша Филипче на Фејсбук.

 

 

 

Next Post

Филипче: Успешно го амортизираме ширењето на епидемијата, МАНУ се вклучува во борбата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk