ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Дали Димитриевски прекршил самоизолација, прво здравје – потоа избори, Фронтлајн ЗОО репортажа

Преглед на актуелности во 18 часот.

April 26, 2020 17:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЕКСКЛУЗИВНО: Возачот на возилото во кое беше пронајдена голема количина дрога е уапсен и во притвор. Фронтлајн дознава дека е уапсен возачот на возилото што вчера удри во вагон кај рампата во скопската населба Хиподром и во кое беа пронајдени и запленети големи количини дрога. Во раните попладневни часови денеска му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Спасовски: Прво стабилизација на здравствената криза, потоа разговори за избори.

Филипче: Не сме дискутирале за избори, фокусирани сме на борба со епидемијата. Во ниеден момент од почеток на епидемијата заради тоа што и тогаш беа актуелни изборите, па се одложија, не сме го дискутирале ова, ниту пак сега го дискутираме. Се уште сме фокусирани на борба со епидемијата. Вака како што се поставени работите во овој момент сметаме дека значително се растегна епидемиолошката крива.

Маричиќ: Одлуката за преговорите е едногласна, бугарскиот документ нема правен ефект.

Советот за општи работи на ЕУ на 24 март едногласно, а тоа ја вклучува и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со Северна Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше потврден и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Текстот на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов и тоа е јавно достапен документ.

Бухова: Градоначалникот Димитриевски ја прекршил самоизолацијата. Лицата од кризниот штаб во Куманово биле тестирани два пати, еднаш на 26 март, сите биле негативни на коронавирус, а потоа на 12 април имало петмина позитивни на коронавирус. И двете тестирања се изведени како скрининг, без задолжителната епидемиолошка анкета, што е прекршок од Законот за заштита на население од заразни болести. Вториот прекршок е што брисевите им биле земани во просториите на Општина Куманово што исто така е прекршок, рече Сотирова Бухова.

Димитриевски: Станува збор за монтиран случај, нема политичка борба само различни ставови на општинскиот и централниот штаб. Ова, повеќе од јасно, е класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите можни законски дејства, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во изјава за ТВ „Телма“, откако директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова, соопшти дека во неговиот случај се утврдени серија прекршувања на законите и процедурите.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Новиот реконструиран изглед на „Пластичарска“. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави фортографии со новиот изглед на булеварот Никола Карева, меѓу скопјани попознат како Пластичарска улица.

Реконструиран бул. Никола Карев попознат како „Пластичарска“

Во борба со инфодемијата. Антинаучните теории на заговор се штетни за општеството во кое живееме. Најчесто се користат за создавање поделби во општеството по основа на етничка, верска, сексуална или каква било друга лична определба… А, некогаш ефектот од ширењето и верувањето во нив може да предизвика опасност по јавното здравје, како што тоа беше случајот пред една година, кога во Скопје беше предизвикана епидемија од морбили, затоа што некои родители не си ги вакцинирале децата бидејќи веруваат во теоријата на заговор дека вакцините се штетни, пишува Кристина Костова.

Германски министер предлага законско право на работа од дома.

(ВИДЕО РЕПОРТАЖА) Живописната ЗОО во Скопје во време на пандемија.

Сѐ што ни останува е да се надеваме на побрзо завршување на оваа пандемија на Ковид-19, со цел Зоолошката побрзо да ги отвори своите врати за да можат граѓаните да уживаат во многуте новитети кои ги нуди.

Next Post

Манчевски ја демантира заменичката: Нема нови вработувања, по потреба се продолжуваат договори

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk