ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Стабилно плато на заболување, „од кај му сила на копукот?“, Борисов за македонскиот јазик, антивирусна супстанција од Кина…

Преглед на настаните на пладне.

April 28, 2020 11:18
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ОЛАБАВУВАЊЕТО на мерките е логична последица на олабавувањето на епидемијата. Тоа следи откако веќе од половината на април имаме епидемиска крива со стабилно плато. Значи, не врв, туку плато, вели епидемиологот Драган Даниловски.

ВЛАДАТА донесе Уредба за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба. Целта на овие измени е да се овозможи брз влез во системот на социјална заштита и за граѓаните кои останале без работа за време на кризата, а кои не ги исполнуваат условите за остварување на паричен надомест за време на невработеност.

ФИЛИПЧЕ: Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати.

ПРЕМИЕРОТ Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на БиХ за значењето на регионалната соработка во решавањето на бројните прашања од итност што ја наметна здравствено-економската криза со корона вирусот…

ФРОНТ: Јане Ѓорѓиоски: Од каде ја црпи „силата“ копукот што го пцуеше Заев, има ли ден после 27 април?

ВОНРЕДНАТА состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба, вели одговорниот за односи со јавност на МВР, Тони Ангеловски.

ВО текот на изминатото деноноќие (27-28 април) на територијата на Република Северна Македонија, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.

ВЛАДАТА донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба. Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат својата дејност на интернет.

СПОРЕД сознанијата на ССМ некои од газдите, претежно во поголемите фабрики, правеле вештачки прекин во работата, само за да исплатат половина од платата и покрај тоа што вработените работеле прекувремено.

НЕМА крај на лажните вести во креација на ВМРО-ДПМНЕ. Последен случај од нивната ризница на лаги е дека со привременото зголемување на акцизата на горивата за три денари во државата ќе има ценовен шок и инфлација, реагираат од СДСМ.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил објави статус за несовесното и неодговорно работење на претходната локална власт.

ИНСТИТУТОТ за јавно здравје излезе со статистики во врска со состојбата со Ковид-19 кај нас. Спроведени се над 15.000 тестирања, 80% од смртните случаи биле со претходно поставени други дијагнози кои предизвкувале компликации.

БУГАРИЈА се држи до формулацијата од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, во однос на признавањето на македонскиот јазик кој е наведен како „официјален јазик на Република Северна Македонија, согласно нејзиниот Устав“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

ИЗВРШНИОТ одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје, по повод Денот на македонската дипломатија 29 април, изразува поддршка и благодарност на македонските дипломати кои, како што се наведува, во овие тешки моменти на светска здравствена криза, професионално и пожртвувано го даваат својот придонес во борбата за надминување на последиците од пандемијата.

ОКОЛУ 400.000 жители на Нов Зеланд денеска се вратија на работа откако премиерката Џасинда Ардерн го намали степенот на опасност од новиот корона вирус во земјата.

НАУЧНИЦИ од хонгконшкиот Универзитет за наука и технологија, развија антивирусна супстанција којашто ќе може да ги штити површините од новиот коронавирус и до 90 дена.

СПОРЕД последните податоци, во светот со корона вирус досега се заразени вкупно 3.066.417 лица. Од нив починале 211.663, а оздравеле 923.448 луѓе.

 

Next Post

Прва фаза на тестирање вакцина против Ковид-19 во Велика Британија

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk