ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

ССМ бара итна средба со министерката Ангеловска

Сојузот на синдикатите на Македонија ѝ се „заблагодарува“ на министерката за финансии  Нина Ангелова, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и придонесува да се зголеми бројот на невработени во Република Северна Македонија, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

April 29, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија реагира на денешната изјава на министерката за финансии во врска со олабавувањето на условите за задржување на бројот на вработени при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството.

Од Синдикатот бараат итна средба со министерката за финансии со цел да се надмине оваа, како што велат, погубна уредба.

– Сојузот на синдикатите на Македонија ѝ се „заблагодарува“ на министерката за финансии  Нина Ангелова, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и придонесува да се зголеми бројот на невработени во Република Северна Македонија, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот. Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува Министерството за финансии и Владата дека давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните не смее да овозможува намалување на бројот на вработени односно државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите. Во овие моменти кои се исклучително тешки за македонските работници, Владата, ниту пак Министерството за финансии, не смеат да носат уредби по нарачка и притисок од работодавачите, коморите и сл., кои се на штета и на грбот на работниците, се вели во реакцијата.

Министерството за финансии денеска ги презентираше новите услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството. Една од новините се дека се олабавуваат условите за задржување на бројот на вработени при користење на мерката. Со новите услови малите и микро претпријатија можат да го задржат истиот број на вработени минус 15 проценти, средните до минус 10 проценти и големите фирми до минус пет проценти од вработените. Пред промената на овој услов, тие беа обврзани да го задржат истиот број на вработени до јули, односно два месеца по користење на мерката.

Next Post

Костадинов: Цената на дизелот од 42,5 денари е најниска во последните 10 години, нема опасност од ценовни шокови

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk