ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Заев – Македонскиот јазик е дел од договорот со Бугарија, говор на омраза кон новинар, намалeн број на заразени низ светот…

Утрински преглед на настаните.

May 6, 2020 08:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ГОСТУВАЊЕ на Телевизија 24, Заев истакна дека Борисов го признава македонскиот јазик, а македонскиот јазик е составен дел и од Договорот за добрососедство со Бугарија.

ШЕФОТ на дипломатијата Никола Димитров, во вечерашното интервју за Топ тема на ТВ Телма, во врска со барањата од бугарска страна во Преговарачката рамка да нема македонски јазик и македонско малцинство вели дека невозможно е да се гради пријателство, ако го предизвикувате идентитетот на соседот.

РАБОТОДАВЦИТЕ што ќе користат помош за исплата на плати три месеци не смеат да отпуштат работници. Ваква измена на уредбата за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување донесе Владата на вчерашната седница.

По ЗАВРШУВАЊЕТО на денешната седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија, судиите на работен состанок ќе расправаат по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

САЗДОВ Симон, универзитетски професор: За нашето јазично секојдневие.

НОВИНАРОТ и водител Мишко Иванов, кој ги интервјуираше лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24, објави порака што ја добил од Фејсбук, која содржи вулгарности и говор на омраза.

ДИРЕКТОРКАТА на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ: Мислам дека веќе сме во период кога ризикот од наплив на голем број новоинфицирани пациенти го поминавме, но тоа не значи дека не треба и понатаму да се придржуваме до дадените препораки за заштита.

ЗАЕВ во емисијата 24 анализа: Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, тогаш и Максим требало да ја почитува самоизолацијата.

УТРИНСКИ БРИФИНГ: Лидија Димова, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност: Пандемијата одложила многу проекти од европската образовна програма Еразмус+, а најпроблематични се оние што се заглавени во тек на реализација.

ШЕФОВИТЕ на држави и влади на ЕУ и на земјите од западен Балкан денеска ќе одржат видео самит на кој главна тема ќе биде помошта за кризата со корона вирусот.

Во КИНА денеска се пријавени два нови случаи на корона вирусот, додека провинцијата Хубеи, некогашно жариште на епидемијата, го одбележува 32-от ден без нов случај на оваа зараза.

ШВЕДСКАТА агенција за јавно здравје објави дека е можно случаи на корона вирусот во земјата да се појавиле уште во ноември минатата година.Сепак, според порталот „Локал”, Шведска во моментов не работи на утврдување кога се појавиле првите случаи во земјата.

Од НОВИОТ корона вирус досега во светот се излекувале 1.242.432 лица, а се намалува и бројот на заболени кои се критична состојба, кој сега изнесува два отсто.

ПРЕОДНА дестабилизација на времето се очекува денеска. Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

СООБРАЌАЈОТ се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, и особено внимание на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

 

А. Н. Стојчевски

Next Post

Гаши: Избори крај на јули или почеток на август

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk