ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Царовска: Засилена соработка меѓу инспекторатите и граѓанските организации за поголема заштита на правата на работниците и граѓаните

Hа онлајн состанокот се дискутирало за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.

May 6, 2020 14:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска одржаа координативен состанок со директорите на трудовиот и транспортниот инспекторат Алајдин Хавзиу и Руфат Хусеини, претседателката на Советот на инспектори Магдалена Филиповска Грашкоска и со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, „ХЕРА“, „ФООМ“, „Платформата за борба против сиромаштија“, „Мрежата против насилство врз жените“ и УНДП.

Како што соопшти Кабинетот на Царовска, на состанокот преку апликацијата ZOOM се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа. Најавена е зголемена директна соработка меѓу граѓанските организации и инспекторатите во пријавувањето на случаи на прекршување на работничките и граѓанските права.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и бизнисот, односно никој да не е губитник во оваа криза.

Царовска ги повика инспекторите на засилени контроли и одговорно постапување за сите преставки коишто стигнуваат до нив, а се однесуваат на кршење на владините мерки и препораки кои изминатиот период беа донесени со цел да се заштити населението од ширењето на корона вирусот.

– Координацијата меѓу инспекторатите, граѓанските организации и Владата ќе продолжи и во наредниот период, се со цел да се обезбедат две основни функции, заштита на правата на граѓаните и целосно почитување на донесените владини одлуки, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Царовска./МИА/

 

Next Post

Еден заразен до Ковид-19 во Општина Кисела Вода, петмина во изолација

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk