Министерката за финансии Нина Ангеловска истакнува дека треба да се гордееме со постигнувањата на домашните текстилни компании во услови на корона-кризата. Таа го поздравува нивното брзо адаптирање на производството на заштитна опрема во полн капацитет.
Министерката го нагласува извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема која е речиси за 300% поголем во април споредено со април минатата година и додава дека македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот.
„Најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во: Германија, Катар, Холандијa, Белгија, Австрија
Брзата адаптација е клучот за успехот!
Се шијат и извезуваат: маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски.
за 300% е зголемен извозот на „други текстилни производи“:
април 2020 е 390 милиони денари
април 2019 е 135 милиони денари
Пример за сите – најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат. Да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.“, потенцира министерката за финасии Нина Ангеловска во својот Фејсбук пост.