ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Последен ден за поднесување барања за финансиска поддршка на компаниите

Министерот за економија Крешник Бектеши упати апел до сите компании кои ги исполнуваат условите за мерката за поддршка на платите, да аплицираат за добивање помош и нагласи дека очекува тоа да го направат голем број од нив.

May 7, 2020 06:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен.

Аплицирањето за оваа владина мерка за поддршка на најпогодените компании од кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19 почна на 1 мај, а досега барање поднесоа над 19.000 компании.

Министерот за економија Крешник Бектеши упати апел до сите компании кои ги исполнуваат условите за мерката за поддршка на платите, да аплицираат за добивање помош и нагласи дека очекува тоа да го направат голем број од нив.

-Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика корона вирусот Ковид-19 врз економијата, Владата донесе низа мерки за поддршка на најпогодените компании, но и за најзагрозените граѓани. Дека мерките се фокусирани да ги дадат најдобрите резултати врз економијата  покажува и големиот интерес на компаниите и граѓаните за нивното користење.

Радува што заклучно со денеска над 19.000 компании поднеле барања за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, рече Бектеши на вчерашната прес-конференција во Владата.

Со оваа мерка, како што нагласи, се овозможува континуитет на работните процеси и се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси при што се создаваат сериозни услови за да се зачуваат работните места.

Барање за финансиска поддршка – образец БФП-ИП се поднесуваат до Управата за јавни приходи преку системот е-даноци, најдоцна до 7-ми мај, за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај.

Next Post

Декларацијата од Самитот на ЕУ потврдува дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Унијата

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk