ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протестна нота на Србија до амбасадата на РСМ во Белград за поштенска марка со карта на НДХ

May 9, 2020 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Српското Министерството за надворешни работи денеска му врачи протестна нота на амбасадорот на Република Северна Македонија во Белград, по повод печатењето и објавувањето на поштенска марка на која се наоѓа географска карта на фашистичката Независна држава Хрватска (НДХ), соопштија од министерството.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српското МНР побара спорната поштенска марка веднаш да се повлече од оптек и нејзинот печатење и објавување да биде осудено од Владата на Република Северна Македонија.

-Министерството за надворешни работи на Република Србија го искажува својот најостар протест против печатењето и објавувањето на поштенска марка со географска карта на фашистичката Независна држава Хрватска, во која се вклучени делови од Република Србија се до Белград, делови од Црна Гора и цела Босна и Херцеговина, а чие споменување евоцира спомени на граѓаните на Република Србија и на српскиот народ како целина во најтемниот период во поновата историја. Ваквите обиди за историски ревизионизам грубо ги нарушуваат билатералните односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, како и соработката и стабилноста во целиот регион, се наведува во протестната нота на српското МНР.

Во нотата се додава дека објавувањето на ова марка, на Денот на победата над фашизмот, се сфаќа како непријателска провокација насочена против територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија, како и навреда за целиот српски народ, кој во концентрационите логори на истата НДХ, страдаше со стотици илјади за време на Втората светска војна.

Министерството за надворешни работи на Република Србија бара спорната поштенска марка веднаш да се повлече од оптек, како и нејзиното печатење и објавување најостро да се осуди од страна на Владата на Република Северна Македонија, во спротивно, Министерството за надворешни работи на Република Србија ќе преземе понатамошни чекори за да ги заштити интересите на Република Србија.

Next Post

Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски туристи

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk