ЦАРОВСКА, во гостување на Алсат телевизија: Градинките треба полека да се стават во функција, не со полн капацитет, не со бројот на деца кои што предходно сме го имале, но секако со посебни протоколи.
Од ДЕНЕС почнуваат со работа моловите, спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.
ДОСЕГА во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на Ковид-19. Активни пациенти во овој момент се 377 лица.
ДЕНЕС започнува скринингот за оние групи граѓани чии работни места вклучуваат поголем ризик од изложеност на вирусот Ковид-19.
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на седница го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на корона вирусот кој ќе се реализира во три фази.
ЦАРОВСКА: Падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио. БДП сепак најмалку ќе падне во нашата држава во споредба со земјите во регионот.
ЗАЕВ: Водењето грижа за здравјето на граѓаните е обврска на сите институции и час поскоро нив треба да ги ставиме во функција, а тоа се Парламент и политичка Влада коишто ќе носат одговорност.
МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска, го најави доаѓањето на мултинационалната бригада на НАТО на Југоисточна Европа која обединува 6 земји.
ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Мила Царовска: Избори треба да има час поскоро, но важно е да го следиме и здравствениот аспект, во моментот кога ќе има можност и ќе се создадат услови од здравствен аспект да се одржат изборите.
СОВЕТНИКОТ во Владата, Фатмир Битиќи, во гостување во ТопТема, повика пред сѐ на смиреност и рече дека сѐ уште се работи на стратегии кои ќе помогнат во рестартирање на економијата.
ПРИВАТЕН автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.
ГЕРМАНИЈА мора да им помогне на своите соседи во Европската унија да ги обноват економиите откако ќе заврши кризата со корона вирусот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок.
СВЕТСКАТА здравствена организација соопшти дека се фокусираат на понатамошно истражување на 4 до 5 од вакцините кои ветуваат добри резултати по некои од пробните третмани досега.
ФЕЈСБУК тврди дека во првиот квартал од годината отстранети се околу 4,7 милиони објави поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
А. Н. Стојчевски