Иницијативата Womenpreneurs Stories и асоцијацијата Стартап Македонија, заедно со тимот од ЦЕЕД Хаб Skopje, го организираат петдневниот буткамп за жени претприемачи, за прв пат за сите 11 балкански земји. Буткампот е бесплатен и ќе почне во последната недела од мај. Програмата е наменета за жени кои за првпат стануваат претприемачи, а сите заинтересирани учеснички можат да аплицираат на повикот најдоцна до 24 мај, 2020 година.
Ќе бидат избрани жени кои основале стартап бизнис во последните 3 до 6 месеци или ќе започнат сопствен бизнис во следните 9 до 12 месеци.
„Нешто што почна како иницијатива во Скопје, да се афирмираат инспиративните жени во бизнисот и жените на лидерски позиции, две години подоцна прерасна во структуриран петдневен буткамп, за жени кои стануваат претприемачи за првпат. Бидејќи првиот ваков буткамп помина одлично и со оглед на сегашната ситуацијата со која е соочен светот, сакав да испробам концепт што отсекогаш сум го имала во глава, да се обединат сите балкански земји и да се создадат врски за соработка. Станувањето партнер со организации од сите земји беше одлично искуство, иако сега ќе соработуваме онлајн, се надеваме дека следниот регионален буткамп ќе го одржиме во некоја од балканските земји,“ вели Нина Николиќ, лидер и иницијатор за Womenpreneurs Stories и овој Балкан Буткамп.
Со поддршка на Стартап Македонија и Швајцарската програма за поддршка на претприемништвото (SwissEP), идните лидери од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија ќе имаат можност да учат од локални и меѓународни експерти.
„Ги креиравме модулите да покријат теоретско и практично искуство во стартап и иновацискиот екосистем, правни аспекти, наоѓање клиенти, бизнис модел канвас, формирање тим, раскажување приказна и презентирање, дигитален маркетинг, подготвеност за добивање инвестиции, пристап до странски пазари. Но најважно е што тие ќе можат да учат и да соработуваат со истомисленици од нашиот регион,“ додава Николиќ.
Улогата на CEED Hub Skopje е да ги поддржи жените кои стануваат претприемачи за првпат и да обезбеди техничка, правна, маркетинг, менторска и други видови помош во насока на основање сопствен бизнис.
„Со нашиот ЦЕЕД клуб на жени претприемачи и менаџери и онлајн порталот Women in Adria, активно работиме на засилување на способностите, особено, на жените во нашето општество во насока да бидат храбри, одважни, сигурни во себе и да бидат бестрашни во светот на бизнисот каде доминираат мажи. Сметаме дека овој семинар е одлична можност за оние кои ја следат нашата работа да добијат конкретни совети како да развијат сопствен бизнис, да го разработат, особено со оглед на фактот дека ваков вид активности се комплементарни со она што го работиме. Искрено веруваме дека заедно сме посилни, и веќе планираме да ги развиеме и прошириме нашите активности“, посочи Елена Хаџи Пецова, програмски менаџер во ЦЕЕД Хаб Скопје.
Womenpreneurs Stories е иницијатива чија цел е да ги промовира инспиративните жени во бизнисот, да ги споделува нивните приказни и да инспирира! Гледајќи кон иднината, доаѓаме до заклучок дека дефинитивно ни требаат повеќе жени на лидерски позиции, бидејќи на жените на сите нивоа во една организација им се потребни колеги кои можат да им служат како пример и да ги инспирираат.
Придонесот на жените како иноватори, претприемачи и двигатели на промена што можат да го дадат во поглед на економскиот раст, е многу важен. Голем број жени се веќе вклучени директно или индиректно во поддршката на средината во која жените на Балканот се препознаени и се во можност да придонесат во развојот на стартап и иновативниот екосистем.
Олга Рајчиќ е млад ентузијаст желна за промени, активист, претприемач и ко-основач на Challenger. Приказната со Challenger започна на Стартап Викенд Скопје. Challenger е мобилна апликација што помага во намалувањето на загадувањето на воздухот во Скопје. Со цел да ги мотивира луѓето да возат велосипед, да пешачат или да трчаат повеќе, оваа апликација доделува поени за секој зелен километар што корисниците го поминуваат. Во овие несигурни времиња, компанијата ја пренамени апликацијата за вежбање од дома – ChallengerAtHome. Со овие поени, корисниците можат да „купат“ кодови за попуст на производи или услуги од локални бизниси каде апликацијата е присутна. Challenger цели кон создавање позитивни здрави промени во заедницата. Таа со задоволство го раскажа нејзиното искуство од претходниот буткамп кој се оддржа во Ноември минатата година во #MKstartups Space.