ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Ние нема да прифатиме друга дебата освен таа за унапредување на пристапниот процес за членство во ЕУ

ој сигнал не ми треба мене. Тоа ќе биде сигнал за нашиот народ. За да ја задржиме и да ја одржуваме мотивацијата. Таа мотивација мора да ја задржиме и од поддршката на 27 земји членки на ЕУ кои имаа кристално чист став дека сме заслужиле отворање на преговарачкиот процес низ отворање на поглавјата за пристапување

October 22, 2019 15:02
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
qrf

qrf

Share on FacebookShare on Twitter

Во интервјуто за емисијата „360 степени“, на прашањето како го коментира размислувањето на претседателот на Франција Макрон дека треба да земе предвид дека на некои од земјите кандидати за членство во ЕУ, наместо тоа може да им се понуди стратешко партнерство, претседателот на Владата на Република Северна Македонија истакна дека за нашата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.

„Ние нема да прифатиме друга дебата како на пример таа за стратешко партнерство, а не за членство. Можеме да учествуваме и сакаме да учествуваме во дебата за унапредување на пристапниот процес. Ние и самите тоа го правевме низ нашите процеси, низ процесите за ЕУ интеграции на другите земји од регионот. Големи се искуствата како придонес за дебата за методологијата за  пристапување и од процесите како што е Берлинскиот каде што многу активно партиципираме. Зошто не е прифатлива идејата на претседателот Макрон? Ние ќе поминеме сигурно седум до осум години во процесот на преговори по поглавја. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако ќе се реформираме внатре, а за тоa ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека верува дека францускиот претседател Макрон ќе го прифати ова и ќе испрати охрабрувачки сигнал дека овој процес треба да го започнеме така како што досега е договарано.

„Тој сигнал не ми треба мене. Тоа ќе биде сигнал за нашиот народ. За да ја задржиме и да ја одржуваме мотивацијата. Таа мотивација мора да ја задржиме и од поддршката на 27 земји членки на ЕУ кои имаа кристално чист став дека сме заслужиле отворање на преговарачкиот процес низ отворање на поглавјата за пристапување. И Данска и Холандија на крајот се согласија и тоа одговорно го тврдам. ЕУ останува посветена, иако поминува низ оваа дебата и таа треба да си ја решат внатре. И ќе ја решат. Искрено се надевам дека тоа нема да трае до мај“, потенцираше премиерот Заев во интервјуто за емисијата „360 степени“.

Next Post

Спасовски: Подготвени сме за евентуален нов бран мигранти, но засега нема индиции за тоа

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk