ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Укинување на привилегиите на функционерите – една година од барањето на ЦИВИЛ

Милиони евра чинат апанажите, пензиите и другите привилегии и придобивки што ги имаат поранешни, но и сегашни функционери. Едноставно тоа мора да престане веднаш!“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на 17 мај 2019 година пред службениот влез во Собранието, по повод предавањето на текстот на Иницијативата до институцијата

May 17, 2020 21:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Точно една година од иницијативата на ЦИВИЛ #КрајЗаРасипништвото која ја поддржаа илјадници граѓани и беше преточено во барања кои организацијата ЦИВИЛ и достави до Собранието, потсетуваат од ЦИВИЛ.

„Милиони евра чинат апанажите, пензиите и другите привилегии и придобивки што ги имаат поранешни, но и сегашни функционери. Едноставно тоа мора да престане веднаш!“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на 17 мај 2019 година пред службениот влез во Собранието, по повод предавањето на текстот на Иницијативата до институцијата.

„Ние денеска ќе доставиме барање, кое во јавноста одекна многу силно, а се однесува на привилегиите и бенефициите како на актуелните, така и на поранешните функционери, како на оние што се избрани, така и на оние кои што се именувани. И ќе очекуваме реакција од парламентарците. Во овој дом се направени тие проблеми, во овој дом се изградени тие системи за црпење на ресурсите на граѓанките и граѓаните и во овој дом, очекуваме, или поточно, категорично бараме тие неправди да се исправат!“ – изјави Дерала, соопштувајќи го ставот на организацијата.

Иницијативата #КрајЗаРасипништвото се однесува на укинувањето на привилегиите на поранешните и сегашните функционери.

Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

На 5 јуни, ЦИВИЛ организираше и трибина на тема „Крај за расипништвото“ каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери. Од оваа трибина подоцна произлезе и работна група која оваа иницијатива ја преточи во онлајн верзија која до крајот на септември ја потпишаа над 6.000 граѓанки и граѓани.

Овие граѓан(к)и ја поддржаа иницијативата за укинување на апанажите на било кое ниво и за било која позиција; укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век; укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена; укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени; укинување на сите привилегии што се поврзани со користење на службените возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии; драстично намалување на патните трошоци на функционерите, односно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз; воспоставување на пракса за забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа; укинување на дискреционите овластувања на функционерите… Ова се дел од барањата што ЦИВИЛ ги достави до пратениците во Собранието, но и ги презентираше пред јавноста.

По завршувањето на петицијата, организацијата ги интензивира активностите околу Иницијативата и јавно побара од институциите, пред сѐ, од Собранието да преземат конкретни чекори за укинување на привилегиите што скапо ги чинат граѓанките и граѓаните.

Укинувањето на привилегиите на функционерите се чини уште пореално во време на сериозна економска криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Но, очигледно е дека дел од институциите немаат слух за ваквата потреба. Уставниот суд не смогна сили да одлучува по иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и конфликт на интереси во однос на привилегиите на поранешните претседатели, но експресно одлучи дека барањето на Владата за намалување на платите на администрацијата и судиите е неуставна. Уставниот суд и овој пат застана во заштита на своите, а не на интересите на граѓаните.

Next Post

Сончево со мала да умерена облачност

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk