ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Еко офанзива“ во Битола: 6 нови паркови и уредување на веќе постоечките (ВИДЕО)

Јавното претпријатие „Комуналец“ е реализатор на проектот „Еко офанзива“. Директорот Панде Богоевски посочи дека активностите на терен се одвиваат на различни локации, на територијата на целата општина.

May 18, 2020 15:15
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со шест комплетно нови паркови и со дополнителна комунална опрема, хортикултурно уредување и поставување на нови детски реквизити во останатите паркови, започна првата фаза од проектот „Еко офанзива“. На овој начин на граѓаните им е овозможено во непосредна близина на нивните живеалишта, да имаат катчиња за рекреација, одмор и игра на децата, истакуваат од општина Битола.

„Ова е почеток на акцијата која годинава интензивно ќе се реализира, затоа што сиот узурпиран простор кој што го имавме во минатото, кој што беше нефункционален, оваа локална самоуправа е решена да го стави во поинаква функција, во функција на граѓаните. Шесте нови паркови се само почеток, а до крајот на годината ќе завршиме со поинаков изглед на опкружувањето на живеалиштата на нашите граѓани“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На лице место, во новиот парк кај Клиничка болница, повеќе од евидентна беше радоста на случајните минувачи, децата, но и на лицата кои тука ги затекнавме. Една наша сограѓанка изрази посебна благодарност за оплеменувањето на овој простор, споредувајќи го со неговата претходна намена, кога во истиот беше узурпиран тротоарот и тревната површина, за паркирање на камиони кои продаваа лубеници.

„Редовно поминувам од овде и сум пресреќна што местото има нов лик, уреден, со играчки, клупи и осветлување. Порано, не само што не се поминуваше од камионите, туку тука се вршеше и нужда. Забележувам дека во градот и на други места има вакви паркчиња“, рече таа.

Јавното претпријатие „Комуналец“ е реализатор на проектот „Еко офанзива“. Директорот Панде Богоевски посочи дека активностите на терен се одвиваат на различни локации, на територијата на целата општина.

„Како јавно претпријатие извршивме санација на голем дел од постоечките детски паркови во градот, но истовремено се одвоија и нови локации за паркови. Вклучивме и нови содржини, меѓу кои 20-тина детски композиции, а се опремуваат парковите и во руралните средини, како што е паркот во селото Кравари. Тука беше се запуштено, а покрај уредувањето е поставена и нова детска композиција. Имаме соработка и со приватни компании, во случајов имаме донација на канделабри, со што паркот има прекрасен изглед и во вечерните часови. За реализацијата на оваа фаза од проектот се издвоени 3.000.000 денари“, рече Богоевски.

Проектот „Еко офанзива“ се изведува во рамките на  програмата за уредување и обезбедување на нови зелени површини на територијата на Општина Битола, како една од заложбите на градоначалничката Наташа Петровска. Градежната експанзија во општината, паралелно се надополнува и со соодветни зелени места и паркови.

Next Post

Заев до Мицкоски: Избори во септември се избори во непознато

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk