МИНИСТЕРОТ за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше за успешната реализацијата на јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште, што ќе значи почеток на еден нов инвестициски циклус во делот на обновливите извори на енергија во Република Северна Македонија.
ОПШТИНА Прилеп информира дека денес се регистрирани 2 нови случаи на заболени со Ковид-19, 6 лица оздравеле, а 39 се на домашно лекување.
ПОРТАЛОТ Доказ Македонија упорно користи сексистички, мизогин, силеџиски, деградирачки и навредлив јазик на грбот на жените за читаност и таа пракса мора да заврши. Ова е темата која денеска сите ја споделуваат за поддршка на новинарката Мирослава Бурнс, која е мета на сексистички напади. Меѓу другите, статусот на Фејсбук го објави и Ирена Цветковиќ.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон нашата колешка Мирослава Бурнс. Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и клевети, дури и навреди што задираат во приватниот живот на „метата“ на нападот .
ЕКИПИ на ЈП Комунална хигиена во текот на минатата недела извршија машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.
ФИЛИПЧЕ: Голема благодарност до сите оздравени пациенти кои донираа плазма. Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот.Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина.
Од ДОСЕГА направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес, потврден е само еден позитивен случај со Ковид-19 во Битола.
ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека има простор за разговори со опозицијата за датум за предвремени парламентарни избори сѐ до завршувањето на вонредната состојба во следните седум до десет дена, но доколку не се изнајде решение потоа ќе мора да се почитуваат уставните одредби и законските рокови и да се оди на избори, на коишто тој е убеден дека ќе победи.
Лидерот на социјалдемократите исто така прокоментира и за последниот сет економски мерки од 355 милиони евра наменет за најранливите глупи граѓани и за поттикнување на потрошувачката на граѓаните.
По ЗАВРШУВАЊЕТО на седница на Владата, премиерот Спасовски на Фејсбук соопшти дека прифатен е предлогот за враќање во нормала на градскиот и меѓуградски превоз, како и превозот од и кон Куманово.
ИНТЕНЗИВНО се работи на тоа од средината на јуни да се воспостави целосна слобода на патување со Чешка, Словачка и Унгарија, како што беше и пред пандемијата на новиот коронавирус
ИЗВЕСТУВАЧОТ за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, во интервју за МИА, говори за потребата од организирање фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа.
Во ШВЕДСКА во април оваа година забележан е најголем број на смртни случаи од 1993 година. Според статистичките податоци на Шведска, од вкупно 10.3 милиони жители, регистрирани се 10.458 смртни случаи во април.
А. Н. Стојчевски