ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш повика на итноста од избори во земјата, за враќање на целосна функционалност на институциите и поставување на новата развојна економија.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Коста Петров на прес конференција ги соопшти деталите од третиот сет економски мерки за поттикнување на приватната потрошувачка, предвидените картички за социјално загрозени категории, домаќинства со ниски примања, медициски лица, но и многу други групи граѓани.
ФРОНТ: Без филтер, Џабир Дерала: Политичка победа, извојувана врз основа на омразата, врз основа на повици за истребување, никогаш не може да биде победа за сите.
ДОПОЛНИТЕЛНАТА заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, за случајот во Струмица истакна дека констатирани се пропусти во работењето на полициски службеници затоа што случајот започнал со прекршување на полицискиот час, за да на крај заврши со упад во магацин за којшто полициските службеници немале налог.
За случајот „Теретана“, за непочитувањето на полициски час и забраните од страна на Христијан Мицкоски, заменик министерката рече дека сѐ уште е отворен.
Петровска исто така рече и дека Христијан Мицкоски вршел притисок врз член на Внатрешната контрола при МВР за случајот.
ЗАКЛУЧНО со денеска преку мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен исплатени се 1,65 милијарди денари на над 120.000 вработени од 18.559 фирми, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразиле 5.035.976 лица. Од нив починале 326.238, а оздравеле 1.988.557 луѓе.
А. Н. Стојчевски