За само месец и пол денови бројот на потврдени случаи на заразени со вирусот Ковид-19 во светот порасна од еден милион на 5,1 милион луѓе.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има најмногу заболени 1,5 милиони, во Русија речиси 318.000, Бразил 310.087, во Велика Британија 252.246, Шпанија повеќе од 233.000, наведува Би-Би-Си.
Како што наведуваат, тешко е да се верува дека само пред повеќе од еден месец, на 2 април, во светот беа заразени „само“ еден милион луѓе.
Бројот на заразени би можел да биде многу поголем од што било официјално објавено, бидејќи многу луѓе кои имаат благи или никакви симптоми не се тестирани и регистрирани.