ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5, градинките ќе работат од јуни, локални избори во Франција на 28 јуни

Преглед на вести во 21 часот

May 22, 2020 21:11
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЗА овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11:00 часот до вторник, до 05:00 часот.

МАЈСКАТА пензија ќе се исплаќа од 27 мај. Владата, на денешната 56-та седница, го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај 2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27 мај 2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ установи каде постои можност за примена на протоколите можат да ги реализираат активностите.

ФИЛИПЧЕ: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јули.

ДОКОЛКУ лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на Република Северна Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

ЛГБТ Јунајтед Тетово подариле повеќе од 300 пакети со храна и заштитни маски на ЛГБТ+лица.

ЗА првпат по неколку децении, Град Скопје целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк.

ИМАМЕ вечерва трансплантација на срце, имаме донатор, родителите од една почината девојка, а имеме и пациент кој подолго време чека таква операција. Ова се организира на Клиниката за кардиохирургија. Во овој момент се спремаат и во следните часови ќе започне зафатот, извести Филипче.

„МИЦКОСКИ – Здраво, би сакал да се слушнеме“  – коментира Јане Ѓорѓиоски.

ВТОРИОТ круг од локалните избори во Франција ќе се одржи на 28 јуни, повеќе од три месеци по првиот круг организиран среде пандемијата на коронавирусот, изјави денеска премиерот Едуард Филип.

КЛАСТЕРИТЕ се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки.

ПОГЛАВИЦИ на домородните народи апелираа да се спречи дупчење на нафта меѓу притоките на реката Амазон за време на пандемијата на коронавирусот, предупредувајќи дека уништувањето на нивната земја ќе ги уништи и напорите за борба против климатските промени.

ЗАВ ЈЕ ХТЕТ главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.

ДВЕ лица го преживеаја уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

 

 

 

Next Post

Наќе Чулев сака да вработи во МВР лице за кое ФБИ водело истрага за хакерски напад, а Интерпол го барал со потерница?!

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk