Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека лицето А.С. има право да биде вработено во МВР, откако Либертас објави дека истото лице го барале од Интерпол и од Федералното биро за истраги на САД ФБИ.
Чулев за ,,Слободен печат” вели дека секое лице кое ги исполнува условите утврдени во законот има право да биде вработено или пак преземено за соодветно работно место во Министерството за внатрешни работи.
-Согласно информациите со кои јас располагам, а кои лесно може да се проверат против посоченото лице А.С нема било каква постапка или обвинителен акт која го прави неподобен или преставува правна пречка за извршување на неговите задачи во АР, а и во Министерството за внатрешни работи. Напротив истиот поседува безбедносен сертификат и има позитивен полиграфски тест- вели Чулев.