Засега непознати неодговорни граѓани, извршиле вандски акт во Тетово. Скршени се ново поставени клупи во Тетово за што реагирала и градоначалничката Теута Арифи.
Таа го осудува чинот и ветува дека и покрај ваквите пoјави ќе продолжи со уште повеќе уредување на градот.
Вандализмот несомнено дека е штетен и чини, но од друга страна служи и како еден грд пример на општественото однесување, за тоа како не треба да сме и да не се однесуваме. Тие ќе кршат и расипуваат, ние ќе градиме и средиме уште повеќе, напиша Арифи на својот Фејсбук профил.