Постои голем потенцијал на пазарот, но треба најбрзо што можеме да ги добиеме и пуштиме во употреба новите локомотиви, за да можеме да бидеме поконкурентни и побрзи во превозот, истакна во интервју за МИА директорот на железници Транспорт АД Скопје, Орхан Муртезани,
Приходите од товарниот сообраќај во првите девет месеци од годинава во споредба со истиот период 2018 година бележат раст од 2,7 проценти, вели тој но додава дека и натаму најголем проблем е малиот број на влечни средства.
Откако ќе го зајакнат капацитетот со новите локомотиви, се надеваа дека одредени превози, кои преминале на камиони ќе се вратат на железницата.
Најави дека наскоро ќе биде готов извештајот на интерната комисија за набавката на електричните локомотиви од кинески ЦРРС и тој ќе биде доставен до Владата.
-За првата пристигната локомотива сме при крај со документацијата и наскоро ќе биде пуштена во функција. Се надевам дека до крај на годината ќе ги добиеме и останатите три локомотиви, вели во интервју за МИА Муртезани