Комисијата за заразни болести направи една анализа и констатиравме дека соодветно се почитуваат нашите препораки и алгоритми, при што нашите препораки дадоа одредени резултати, со цел на време да го фатиме нулта случајот, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција.
„Сега одиме на едно пошироко тестирање на населението, како тестирање на вработените во градинките, при што во средината на јуни би требало безбедно да ги пуштиме нашите деца во градинките. Во наредниот период ќе ги тестираме здравствените работници, таксистите, полицијата. Ќе направиме 10.000 тестирања. Процентот на позитивните случаи е 5,7 од вкупниот број на тестирани, во последните 14 дена. Ние рековме дека кога ќе достигнеме околу 5 % позитивни од тестираните, ќе почнеме со олабавување на мерките“, рече Караџовски.