ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Членството во НАТО е сигурно, нема потреба од евентуално одложување на изборите

НАТО ќе биде, тоа е јасно. Се што се разговараше во врска со НАТО на лидерската средба беше како тоа да го осигуриме. Со ратификација на Протоколот во нашиот Парламент, останува само депонирањето во Вашингтон

October 23, 2019 16:17
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Немало причина, ниту потреба  да разговараме за евентуално одложување  на изборите поради членството во НАТО кое ќе се случи во јануари или февруари, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјава на Артан Груби од ДУИ за една телевизија дека на лидерската средба имало договор дека доколку земјава не стане официјално членка на НАТО изборите да се одложат, пренесува МИА.

Премиерот рече дека зачленувањето е извесно и ќе се случи во јануари или февруари, откако Протоколот во декември ќе го потпише и Шпанија, каде што претстојат парламентарни избори и конституирање на нивниот парламент.

Рече дека претседателот на Собранието донесува одлука кога да се распушти Собранието поради изборите, што според Уставот е од 45 до 60 дена претходно, но за да има време да се завршат  процедурите со зачленувањето во НАТО, смета дека тоа треба да бидат 45 дена. Би било несериозно да немаме парламент, рече, кога ќе стигне конечниот протокол, кој претходно тој како премиер треба да го  потпише со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– НАТО ќе биде, тоа е јасно. Се што се разговараше во врска со НАТО на лидерската средба беше како тоа да го осигуриме. Со ратификација на Протоколот во нашиот Парламент, останува само депонирањето во Вашингтон,  и тоа е членството во НАТО. Нема одлуки, нема гласање, што значи нема ни разочарување, ниту друг ризик за нашата земја, нагласи Заев.

Додаде дека поради Шпанија, каде што претстојат парламентарни избори,  не може да се исполни планот  на 3 декември на самитот на Лондон со одбележувањето 70 години од НАТО, земјава да стане официјално 30-та членка на Алијансата.

Шпанија е последна земја која ќе го ратификува протоколот и се очекува тоа да го направи до крајот на декември зашто конституирањето на Парламентот таму е закажано за 3 декември.

Потоа ќе следува потпишување на конечниот протокол помеѓу Заев Столтенберг и негово пристигнување во нашиот Парламент на почетокот од наредната година.

Next Post

Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk