МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук ги презентираше сите досегашни инвестиции во здравствените установи со цел подобрување на условите во здравството. Тој напиша дека и понатаму ќе продолжи зајакнувањето на јавното здравство, со нова медицинска опрема, доопремување и осовременување на здравствени установи, како и вложување во човечкиот капитал.
ГРАДОТ Скопје утре ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година. Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година.
СДСМ: ДПМНЕ е незрела и неодговорна партија. Нивниот лидер Христијан Мицкоски и нивниот технички министер Наќе Чулев се однесуваат деструктивно во текот на целата пандемија, исто како што дејствуваа во изминатите 2,5 години, се вели во денешното соопштение до јавноста на официјалната страна на СДСМ.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Последните зборови на Џорџ Флојд.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Сан Франциско соопшти дека во градот ќе има полициски час од 20 часот во сабота, до 05 наутро в недела. Над 20 градови во САД имаат воспоставено полициски час за сабота и недела, а во повеќе од 10 соединети држави е распределена Националната гарда.
Во САБОТАТА, Криси Тејген објави на својот Твитер профил дека ќе донира 200.000 американски долари за кауции за уапсените учесници во протестите против полициската бруталност по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Ooo they might need more money then. Make it $200,000 https://t.co/axuJnazJkU
— chrissy teigen (@chrissyteigen) May 30, 2020
АМЕРИКАНСКИОТ претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи состанокот на Групата на седум (Г7) најразвиени земји до есен, што беше планиран за следниот месец во САД и покрај епидемијата на коронавирусот. Тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е „многу застарен“ и не одразува добро „што се случува во светот“.
А. Н. Стојчевски