ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Град Скопје: Утре почнува аплицирањето за субвенции за велоспипеди и електрични тротинети

Повиците ќе биде отворени до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен“.

May 31, 2020 10:45
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје утре ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Повиците ќе биде отворени до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет. Барателот треба да ги исполни следниве услови:

– да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);

– да нема искористено субвенција за купување на велосипед (важи за повикот за субвенции за велосипеди) или да нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет (важи за повикот за субвенции за електрични тротинети) од Град Скопје.

– новиот велосипед или електричен тротинет да е купен или го купи во Република Северна Македонија од 01.01.2020 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2020 година.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавните повици се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:

– барање и изјава за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето и изјавата може да се подигнат во архивата на Град Скопје или да се обезбедат од интернет страницата на Градот:

– барање и изјава за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето и изјавата може да се подигнат во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот.

– доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот;
– фотокопија од трансакциска сметка на барателот;

– изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје (за повикот за субвенции за велосипеди);

– изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје (за повикот за субвенции за електрични тротинети);

– доказ дека е извршено купување на нов велосипед или електричен тротинет од Република Северна Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во РС Македонија, со датум од 01.01.2020 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавните повици, но не подоцна од 30.11.2020 година, при што
задолжително е велосипедот или електричниот тротинет да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа;

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед или електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15:00 часот.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Согласно предвидените финансиски средства, Град Скопје оваа година ќе додели субвенции за околу 2800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Градот Скопје континуирано работи на промоцијата на употребата на алтернативни превозни средства, чија предност, за разлика од автомобилите, е намалување на метежот во сообраќајот и загадувањето на животната средината.

За 2018 и 2019 година, Град Скопје додели вкупно 7255 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 313 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

Next Post

Криси Тејген ќе донира 200.000 долари за кауции за уапсени учесници во протестите

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk